Студиски програми

Трговско право


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 110 Маркетинг 4+2 8,00
Предавачи
Горан Коевски

Опис

Наставната содржина по предметот ги опфаќа сите видови на трговски друштва, како трговски субјекти, понатаму управувањето и раководењето на трговските друштва, нивните основни белези. Посебно се обработубваат правните односи меѓу содружниците, правните односи меѓу акционерското друштво и акционерите. Учеството во други трговски друштва (поврзани друштва, друштва во сопственост на државата и друштво со учество на државата, стечај и ликвидација на трговско друштво; странско трговско друштво; други стопански субјекти, право на конкуренција; индустриска сопственост, трговски договори; хартии од вредност. Наставата по овој предмет треба да им помогне на студентите теоретски и практично да се запознаат со работата на трговските друштва без кои не може да се замисли трговското работење.

Содржина

  • Трговски друштва (сите видови и поделби)
  • Поврзување на трговските друштва
  • Преобразба на трговските друштва
  • Стечај и ликвидација на трговските друштва
  • Посебни трговски работи
  • Индустриска сопственост
  • Хартии од вредност, меница и чек

Литература

  • Александар Николовски, Снежана Плавшиќ, Трговско право, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2005
  • MAKKOY, Robin Paul; Law and market economy: Reinterpreting the Values of Law and Economics, Cambridge University Press, New York, 2000
  • Thomson Learning BUSINESS law today, E-Commerce, legal, ethical and international environment, 6 издание, Sout-Western, London, 2004

Цели

  • По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да: ја познаваат организацијата и работата на трговските друштва, нивните активности, права и обврски, стечајот и ликвидацијата на истите.
  • На овој начин студентите ќе ја совладаат стручната, теоретската и практичната терминологија од оваа област на трговското работење која им е неопходна за натомошното следење на наставата по другите дисциплини на другите студиски години.
  • Исто така, неопходност во работењето на трговските друштва претставува и запознавањето на студентите со хартиите од вердност, индустриската сопственост и сл.