Студиски програми

Управување со производот


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MKT 340 Маркетинг 5 4+2 8,00
Предавачи
Ежени Брзовска

Опис

Изучувањето на материјата по овој предмет треба да помогне на студентите да го осознаат производот како дел од маркетиншките активности, затоа што тој преставува еден од четирите основни елементи кои за препријатието имаат најголемо значење во неговото работење. Преку пласманот на производот на пазарот претпријатието ја остварува својата зацртана деловна програма. Во изучувањето на оваа материја студентите ке се запознаат со тоа што е производ, видовите на производи, нивната класификација, нивниот асортиман, пазарните особини на производот, неговиот животен циклус, плани - рањето , развојот и пласманот на новиот или иновираниот производ на пазарот.


Содржина

  • Воведни елементи
  • Видови производи и нивна класификација
  • Асортиман на производите
  • Пазарни особини на производот
  • Животен циклус на производот
  • Политика на производот
  • Планирање, развој и лансирање на производите на пазарот

Литература

Задолжителна литература

1. Д-р Димитар Граматиков, “Управување со производот, Економски факултет Скопје, Скопје, 2004

 Поширока литература

1. Д - р Роман Образ, “Планирање, развој и ланси рање производа за тржиште”, ОЕП, “Информатор”, Загреб, 1971 год.

2. Д - р Роман Образ, “Политика производа”, “Информатор”, Загреб, 1975 год


Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни:

1.Успешно да го следат својот производ на пазарот и по потреба да превземат активности кои ке го продолжат неговото присуство на пазарот,

2. Да ги познаваат сите видови на производи и нивната класификација, како и симболите и системите на таа класификација.

3. Да ги познаваат пазарните особини на произ водите, нивниот животен циклус и неговото влијание врз финансиската ефикасност на претпријатието.

4. Воопшто, студентите ќе бидат оспособени да ги познаваат сите потребни особини на производите, нивниот развој во зависност дали се работи за иновација на веќе постоечкиот производ или за развој на нов производ. Да прибираат идеи за иновирање или развој на нови производи, нивно селектирање, планирање, развој и комерцијализација на таквите производи.