Студиски програми

Квантитативни методи во финансии


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MST 320 Маркетинг 4+2 8,00
Предавачи
Драган Тевдовски

Опис на предметот:

Целта на предметот е да ги оспособи студентите да користат статистички и квантитативни методи и да решаваат проблеми во финансиите со помош на современи програмски пакети. Се користат статистичкиот програм SPSS и математичкиот програм MATLAB.  Користењето на статистички и квантитативни методи се повеќе добива на значење во финансиската и економската анализа. Квантитативната анализа на податоците често се користи како водич во предвидувањето и при донесување на инвестициоски одлуки. Поради тоа од особена важност е студентите да се стекнат со критично знаење за основните статистички и квантитативни методи во финансиите. Стекнатите знаења во предметот ќе овозможат предност на студентите кои сакаат да се вработат во финансискиот сектор и ќе претставуваат одлична основа за изведувања на истражувања на постипломски и докторски студии.

 

Цели на наставата:

  • Теоретски познавања на основните статистички и квантитативни методи во финансиите.
  • Способност за користење на статистичкиот програм SPSS во решавање на реални проблеми.
  • Способност за користење на математичкиот програм MATLAB во решавање на реални проблеми.

 

Содржина на предметот:

  1. Финансиска аритметика и вреднување на акции и обврзници
  2. Статистички концепти и приноси на хартии од вредност
  3. Концепти на веројатност и поважни распореди на веројатност
  4. Статистичко заклучување
  5. Корелациона и регресиона анализа
  6. Анализа на средина - варијанса
  7. Повеќефакторски модели
  8. Техничка анализа

 

Предуслов: Математика за економисти и статистика за бизнис и економија.

 

Препорачана литература:

  1. DeFusco, Richard A., Dennis W. McLeavey, Jerald E. Pinto, and David E. Runkle (2004), Quantitative Investment Analysis, 2nd ed., CFA Institute, John Wiley & Sons, Inc., Hoboken, New Jersey
  2. Brandimarte, Paolo (2006), Numerical Methods in Finance and Economics: A MATLAB Based Introduction, 2nd ed., Wiley-Interscience.
  3. Shepard, Kevin (2013), Financial Econometrics MFE MATLAB Notes: Revision 2 (R2012a).
  4. Боди, Зви, Алекс Кеин и Ален Маркус (2010) Инвестиции. Табернакул, Скопје (Книга преведена на Македонски јазик)

 

 

Начин на одржување на наставата:

Интерактивни предавања, дополнети со примена на статистичкиот софтвер SPSS и математичкиот софтвер MATLAB, користење на Power Point презентации и индивидуална и групна работа на студентите.

 

Метод на оценување:

Во текот на наставно-образовниот процес проверката на знаењето , односно оценувањето се врши континуирано врз основа на следниве критериуми:

1. Прв испит

20%

2. Втор испит

20%

3. Трет испит

20%

3. Семинарски работи – индивидуален или групен проект

30%

4. Партиципација во настава

  5%

5. Присуство

  5%

 

Јазик на настава: Македонски

Пријавување за испит: Студентски прашања.