Анализа на финансиски извештаи
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
ACC 440
|
Финансиски менаџмент
|
4+2
|
8,00
|
Опис
Наставата по предметот е да им помогне на студентите во запознавање со значењето на анализата на финансиските извештаи на претпријатијата, како за менаџментот и сопствениците, од една страна, така и за кредиторите и другите надворешни корисници, од друга страна. Во тие рамки студентите да се запознаат со видовите и методите на анализа и изворите на податоци за аналитичко испитување. Посебно внимание се нагласува на анализата на финансиските извештаи: анализа на билансот на состојба, биланст на успех и извештајот за паричните текови. На крај, и анализа на пооделните функции во работењето на претпријатијата.
Содржина
- Анализа на организационата и економската состојба на претпријатието
- Анализа на работењето на претпријатијата
- Анализа на финансиските извештаи за специфични дејности
- Анализа на финансиските извештаи во услови на инфлација
- Извештај за паричните текови
- Биланс на успех
- Вовед за анализата
- Вовед во финансиските извештаи и други форми на финансиско известување
- Анализа на финансиски извештаи
- Видови анализи
- Методи на анализата
- Извори на податоци за аналитичко испитување и нивното изразување
- Анализа на работењето по фази-функци
- Биланс на состојба
Литература
- Stephen H. Penman: Financial Statement Analysis & Security Valuation, McGraw-Hill, International Edition, New York, (2001)
- Charles H. Gibson: Financial Statement Analysis, 6-th Edition, International Thomson Publishing & Sout-Western, Cincinnati, (1995)
- Станоевски, д-р Станоил: Теорија на билансот, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, (1997)
- Стојановиќ, Тодор: Анализа на работењето на претпријатијата, ССФРМ, Скопје, (1990)
Цели
- Совладување на речникот сврзан со користење на анализата
- Прибираат, обработуваат и користат податоци за анализа,
- Разбирање на процесот на анализа на финансиските извештаи,
- Користењето на добиените податоци преку анализата за донесување на деловни одлуки,