Студиски програми

Европски економски интеграции


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 310 Финансиски менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Љубица Костовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметната дисциплина Европски економски интеграции има интенција да го прикаже економското интегрирање на ЕУ,  низ фазите од царинска унија до економска и монетарна унија. Се поага од поимот и значењето на економските интеграции, пазарната интеграција и макроекономска координација, царинската унија и буџетот на ЕУ,  за да се помине на интерните хоризонтални политики на ЕУ (конкурентска, регионална, социјална, монетарна и фискална, заштита на животната средина) и  интерните  секторски политики на ЕУ: индустриска, земјоделска, транспортна политика на енергетика и политика во областа на истражувањето и технологијата. Потоа се претставува ЕУ како глобален актер на светскиот пазар преку нејзините екстерни политики:надворешнотрговската политика на ЕУ, односите со земјите во развој, со земјите аспиранти за приклучување, со новопројавените пазарни економии и со развиените земји. На крај се даваат перспективите на европската интеграција со осврт на влијаниети на еврото во светската економија. 
 

Клучни зборови: Економска интеграција, европска економска унија, регионални тровски договори, макроеконмска координација, хармонизација и координација на економските политики; 

 

СОДРЖИНА

  1. Вовед – поим и значење на меѓународните економски интеграции;
  2. Основите на економско интегрирање на Европската Унија- од царинска до економска и монетрана унија;
  3. Интерни политики на ЕУ: хоризонтални и сеторски;
  4. Екстерните политики на ЕУ- надворешнотрговската политика
  5. Односите на ЕУ со земјите во развој
  6. Односите на ЕУ со земјите на БРИКС
  7. ЕУ и односите и перспективите во Тријадата
  8. Перспективите на ЕУ и еврото

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Николас Мусис, Пристап до Европската унија: право, економија, политики (превод на македонски јазик), Институт за европска интеграција, 2005
  • Miroslav Jovanovic: Evropska ekonomska integracija, Centar za izdavacku delatnost Ekonomskog fakulteta u Beogradu, vtoro izdanie, 2006.
  • R. Baldwin and Ch. Wyplosz, The Economic of European Integration, Third edition, McGrow Hill, 2009. 

Дополнителна:

  • Учебник во подготовка од предметниот наставник

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  1. Да ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на разните форми на економска интеграција;
  2. Да ги разликуваат и одделуваат предностите од слабостите на овие интеграции
  3. Да владеат со аналитичката апаратура за давање суд за способноста и подготвеноста на одредена земја – кандидат за пристапување во ЕУ
  4. Да ги мерат предностите и недостатоците од пристапувањето од ЕУ во даден степен од развојот на економијата.