Мултилатерален трговски систем
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
INT 330
|
Финансиски менаџмент
|
6+0
|
8,00
|
Предавачи
|
Катерина Тошевска – Трпчевска
|
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ
Предметот ги запознава студентите со теоријата и функционирањето на Светската трговска организација како основа на мултилатералниот трговски систем. Содржината почнува со развојот на мултилатерализмот со старата ГАТТ спогодба и континуитетот до основањето на Светската трговска организација. Детално ќе биде разработена новата ГАТТ спогодба со нејзините 12 потспогодби. Потоа ќе бидат разработени основните аспекти на Спогодбата за трговијата со услугите и Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост. Посебен акцент ќе биде даден на текот и реализацијата на преговорите во рамките на Доха агендата и новините кои се очекуваат на подрачјето на оленсувањето на трговијата. Составен дел на предметната програма е и разработка на ефикасноста на Механизмот за решавање трговски спорови и на Механизмот за контрола на трговските политики.
Клучни зборови: Светска трговска организација, Општа спогодба за трговија со стоки, Општа спогодба за трговија со услуги, Спогодба за трговските аспекти на правата за интелектуална сопственост.
- Билателаризам v.s. мултилатерализам.
- Резултати од Уругвајската рунда на мултилатерални трговски преговори.
- Третманот на стоките во современиот мултилатерален трговски систем.
- Третманот на услугите во современиот мултилатерален трговски систем.
- Третманот на правата на интелектуална сопственост во современиот мултилатерален трговски систем.
- Третманот на земјите во развој во современиот мултилатерален трговски систем.
- Третманот на регионалните економски интеграции во современиот мултилатерален трговски систем.
- Воспоставување на Механизам за решавање трговски спорови во рамките на СТО.
- Механизам на СТО за контрола на трговските политики на земјите.
- Перспективи за понатамошна либерализација на меѓународната трговска размена во рамките на СТО.
ЛИТЕРАТУРА:
Основна:
- Светска трговска организација, Резултати од Уругвајската рунда на мултилатерални трговски преговори, правни текстови, Скопје, 2003.
- Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица Македонска, Скопје, 2006.
Дополнителна:
- Мацушита Мицуо, Шонбаум Томас Џ., Мавроидис Петрос Ц., Светска трговска организација, право, практика и политика, (превод од оригиналот), Просветно дело АД, Скопје, 2009.
- Hoekman Bernard M. and Kostecki Michel M., The Political Economy of the World Trading System: The WTO and Beyond, third edition, Oxford University Press, Oxford, 2009.
ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА
Цел на предметната програма Мултилатерален трговски систем е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења за функционирањето на мултилатералниот трговски систем и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми.
По завршувањето на наставата, со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за можностите и перспективите на развојот на мултилатералниот трговски систем и неговото влијание врз земјите-членки како што е и Република Македонија. При тоа, студентите треба да бидат способни:
- да го разберат основниот концепт на мултилатералниот трговски систем и неговите најголеми недостатоци и пропусти;
- да го разберат комбинирањето и употребата на различни бариери во меѓународната трговска размена според новите правила на мултилатералниот трговски систем;
- да го разбираат Механизмот на СТО за решавање трговски спорови.