Студиски програми

Надворешна трговија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 340 Финансиски менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Ирена Кикеркова

Опис

Предметот надворешна трговија концепциски го сочинуваат три меѓусебно поврзани дела, и тоа: делот што го обработува поимот и содржината на надворешнотрговскиот систем и на надворешнотрговската политика; делот што го обработува поимот и содржината на девизниот систем и на девизната политика и последниот дел што ги обработува надворешнотрговскиот и девизниот систем на Република Македонија.

Клучни зборови: надворешна трговија, надворешнотрговски систем, надворешнотрговска политика,  девизен систем, девизна политика, Република Македонија

 

Содржина

  • Трговски теории
  • Видови економски трансакции во меѓународната размена
  • Меѓународна трговска регулатива
  • Инструменти на надворешнотрговска заштита
  • Девизен систем
  • Надворешнотрговски систем и надворешнотрговска политика на Република Македонија
  • Девизен систем и девизна политика на Република Македонија
  • Карактеристики на надворешнотрговската размена на Република Македонија

 

Литература

  • Кикеркова, Ирена: Надоврешна трговија, универзитетски учебник, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски факултет – Скопје, 2008

 

Цели на наставата:

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни:

  1. да ги разликуваат квантитативните, кавлитативните и мешовитите инструменти на надворешнотрговскиот систем и нивната суштина;
  2. да ја знаат суштината на инструментите на девизниот систем и основите на политиката на девизен курс;
  3. да го познаваат надворешнотрговскиот и девизниот систем на Република Македонија;
  4. да бидат способни да ги анализираат ефектите што постоечкиот надворешнотрговски и девизен систем ги имаат врз надворешнотрговската размена и врз билансот на плаќањата на Република Македонија.