Студиски програми

Основи на e-бизнис


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 110 Финансиски менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Сашо Јосимовски

Предметот ги запознава студентите со основните концепти, дефиниции и окружувањето на е-бизнисот и е-комерцијата. Ќе бидат обработени најзначајните теми поврзани со е-бизнисот, како што се класификацијата на е-бизнис моделите, нивната структура, пазарните механизми, е-бизнис апликациите, како и бенефициите и ограничувањата за претпријатијата и потрошувачите од примената на електронските форми на водење на бизнисот. Исто така ќе се изучуваат основните информациски технологии кои претставуваат непосредна поддршка на е-бизнисот, како што се компјутерските мрежи, Интернетот, веб технологиите и базите на податоци. Студентите за совладување на предметната материја ќе користат специјално опремена компјутерска лабораторија.

Клучни зборови: е-пазар, е-бизнис модел, интернет маркетинг, е-комерција

 

СОДРЖИНА

  1. Дефиниција на е-комерција и е-бизнис
  2. Класификација на е-бизнис
  3. Рамка на е-бизнис
  4. Е-пазари
  5. Интернет маркетинг
  6. Е-продавница
  7. Карактеристики на моделите бинзнис-бизнис и бизнис-потрошувач

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Turban Efraim, King David, Electronic commerce, Prentice Hall, 2012

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ги препознаат фундаменталните концепти на е-бизнисот;
  • да ги идентификуваат главните е-бизнис модели;
  • да ги препознаваат и класифицираат е-бизнис моделите според приходот и трансакциските механизми;
  • да можат да ги идентификуваат елементите од е-окружувањето кои влијаат на е-бизнис стратегијата на претпријатијата;
  • запознаени со бенефициите и ограничувањата за претпријатијата и потрошувачите од примената на е-бизнис моделите.