Студиски програми

Основи на менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 210 Финансиски менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Леонид Наков

Задолжителен предмет за студиските програми за департманите: Менаџмент, Надворешна трговија, Е-бизнис и Сметководство и ревизија

 

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ:

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на основните функции и нивоа на менаџментот (планирање, организирање, координирање, мотивирање и контролирање), улогата на менаџерите во претпријатијата, влијанието на окружувањето врз одлуките на менаџерите, осознавање на идните хоризонти на развој на менаџментот како и современите тенденции во организацијата на одборот на директорите . Во тие рамки да се укаже на основните разлики помеѓу функционирањето на одборот на директорите во Република Македонија и светот. Меѓу нив, посебно внимание заслужуваат: одговорноста на одборот, номинирање членови во одборот, награда на членовите во одборот, одборот на директори и планирањето, одборот на директори и стратегискиот менаџмент, избор, сукцесија и награда на главниот извршен директор.

Клучни зборови: менаџмент, менаџмент функции, школи за менаџмент, општествена одговорност, корпоративно управување

 

СОДРЖИНА:

ГЛАВА 1 КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

ГЛАВА 2 ЕВОЛУЦИЈА НА МИСЛАТА  ЗА МЕНАЏМЕНТ

ГЛАВА 3 КАРАКТЕРОТ НА РАБОТАТА НА  МЕНАЏЕРОТ

ГЛАВА 4 ОКРУЖУВАЊЕТО И  ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА

ГЛАВА 5 ПЛАНИРАЊЕ   

ГЛАВА 6 ОРГАНИЗИРАЊЕ

ГЛАВА 7 КООРДИНИРАЊЕ

ГЛАВА 8 МОТИВИРАЊЕ

ГЛАВА 9 КОНТРОЛИРАЊЕ

ГЛАВА 10 МЕНАЏЕРСКО ОДЛУЧУВАЊЕ

ГЛАВА 11 ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ И МЕНАЏЕРСКАТА ЕТИКА

ГЛАВА 12 МАЛИОТ БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМАШТВОТО

ГЛАВА 13 ПРЕДИЗВИКОТ НА КОРПОРАТИВНОТО  УПРАВУВАЊЕ

 

Мерење на резултатот на студентот

Проверката, на знаењето на студентот по наставниот предмет, според член 114 од Законот за високото образование се врши континуирано во текот на наставно-образовниот процес. Студентот ќе добие испитни прашања и од делот ,,студирање преку примери” кои се наоѓаат на крајот од секоја глава. Студентот, одговорот на поставените прашања од делот ,,студирање преку примери” ќе го даде со користење на учебникот за време на одржување на испитот.

            Присуство на настава                                                    до   10%

            Партиципација во наставата                                         до   10 %

            Изработка на семинарска работа и учество во проект   до   20 %

            Прв испит                                                                     до   30 %

            Втор испит                                                                    до   30 %

            Вкупно                                                                               100 %

 

ЛИТЕРАТУРА:

Бобек Шуклев: Менаџмент, осмо издание, Економски факултет - Скопје, Скопје, 2013   

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА:

Цел на предметната програма основи на менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот, развојот на менаџментот,улогата на менаџерите во претпријатието, општествената одговорност на претпријатието и  односот помеѓу корпоративното управување и менаџментот,а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот, менаџерите, функциите на менаџмент, општествената одговорност и корпоративното управување;
  • да ја  совлада терминологијата сврзана со основните функции на   менаџментот;
  • да развие технички, концепциски, комуникациски, аналитичка менаџерска способност;
  • да ги знае фундаменталните научни разлики помеѓу класичните и современите школи за менаџмент;
  • да развие способност за проценка на  важноста на корпоративната општествена одговорност како витална функција на одборот на директори и менаџерите во нивното секојдневно работење,
  • да ја разбере моќта што ја има одборот на директори во донесувањето на стратегиски и тактички деловни одлуки во претпријатието.