Студиски програми

Економика на Македонија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 240 Финансиски менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Пеце Недановски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Наставата по предметот Применета економија на студентите треба да им ги пренесе основните теоретски и апликативни сознанија од областа на економскиот систем, економската политика и економската реалност во Република Македонија. Ваквите сознанија треба да им овозможат разбирање на развојниот пат и карактеристиките на економскиот систем на Македонија, како и неговата институционална структура. Освен тоа, студентите треба да се запознаат со начинот на креирање и водење на макроекономската политика во Македонија, поконкретно со нејзините цели и задачи, како и применетите мерки и инструменти. Во овој контекст, посебно внимание е посветено на начините на пристап и решавање на проблемите на инфлација и невработеност. На крај, материјата се заокружува со разработка на темата за досегашниот и идниот раст и развој на македонската економија.

Клучни зборови: Економски систем, економска политика, Македонија.

 

СОДРЖИНА

  1. Економскиот систем, економската политика и економската активност
  2. Развојот и карактеристиките на економскиот систем на Македонија
  3. Институционалната структура во економскиот систем на Македонија
  4. Цели, задачи и инструменти на макроекономската политика на Македонија
  5. Структурата и структурните промени во стопанството на Македонија
  6. Невработеноста и инфлацијата во Македонија
  7. Економскиот раст и развој на Македонија

 

ЛИТЕРАТУРА:

  1. Никола Узунов, Ангел Георгиев, Пеце Недановски: Применета економија, Економски факултет, Скопје, 2003 год., стр. 570.
  2. Griffiths Alan, Wall Stuart (ed.): Applied Economics, tenth edition, Prentice Hall, 2004;
  3. Atkinson Brian, Livesey Frank and Milward Bob (ed.): Applied Economics, MacMillan Press Ltd, London, 1998;
  4. M. J. Artis (editor): The UK Economy - A Manual of Applied Economics, Oxford University Press, 1996.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По положувањето на испитот студентите ќе бидат оспособени:

  1. да ги разбираат основните концепти на економскиот систем и економската политика кои се користат во економијата, од теоретски и практичен аспект;
  2. да ги познаваат методите за проучување на економските појави и за презентирање на сознанијата од аспект на нивната конкретна примена во применетата економија;
  3. да ги разбираат одделните потсистеми во економскиот систем на Македонија преку идентификување на нивните основни карактеристики;
  4. да ги знаат носителите, мерките и инструментите на економската политика со оглед на тоа какво е нивното влијание врз економските текови во една национална економија;
  5. да ги анализираат конкретните мерки и инструменти на економската политика применети во македонската економија, врз основа на нивниот придонес во решавањето на одделни проблеми (економската нестабилност, инфлацијата, невработеноста и др.).