Студиски програми

Регионална економија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 340 Финансиски менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Наталија Николовска

Опис

Предметот регионална економија треба да овозможи согледувањето на противречностите на современиот економски развој кои што произлегуваат од димензијата на неговата просторна определеност. Регионалниот аспект на економскиот развој во научната литература доби своја тематска и методолошка диференцираност преку широк спектар на проблеми. Контраверзите и конфликтите што ги отвара процесот на глобализацијата ја актуализираат потребата да се дадат одговори на многу нови прашања и да се редифинираат актуелните теоретски премиси како и да се пратат современите емпириски процеси на глобален, регионален развој. Токму затоа наставната програма ги опфаќа следниве теми: развој на современите концепции за регионалниот развој; локациона анализа; анализа на факторите на современиот регионален развој; регионални аспекти на глобализација; регионалните политики; политиката на децентрализација на локалната самоуправа; прашања врзани со регионалниот развој на Р. Македонија

Содржина

  • Анализа на детерминантите на современиот регионален раст и развој
  • Вовед
  • Теоретските концепции за регионалниот развој
  • Локална анализа
  • Регионална економска политика
  • Политика на децентрализација на локалната самоуправа и регионалниот развој
  • Регионална економија на Р. Македонијa
  • Иван Крешиќ:Просторна Економија, Мате, Загреб, 1991
  • Урбанизацијата како фацтор на регионалниот развој

Литература

  • Наталија Николовска: Регионална Економија, Економски факултет, Скопје, 2000
  • Atkinson Brain, Livesey Frank, Milward Bob: Applied Economics, MacMillan, Лондон, 1998

Цели

  • се запознаат со основните проблеми на регионалниот развој на Р. Македонија;
  • го осознаат значењето на просторот (локацијата) во процесот на разместувањето на производството;
  • ги запознаат современите законитости во процесот на просторното разместување;
  • стекнат познавања за инструментите на регионалната политика со помош на кои се реализираат целите на регионалниот развој;
  • ја запознаат улогата на политиката на децентрализација и афирмацијата на локалната самоуправа во современите регионални процеси;
  • го осознаат сложениот карактер на природата на економскиот развој како основа за разрешување на многубројните практични проблеми не е возможно без познавањеето на законистостите на современиот глобален, регионален и локален развој. Во тој контекс секоја стратегија на развојот е дефектна доколку не тргне од законитостите на просторниот развој и доколку истите не се респектираат во дејствувањето на субјектите на економскиот развој на микро (фирми) и макро ниво