Трговско право
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
INT 110
|
Финансиски менаџмент
|
4+2
|
8,00
|
Опис
Наставната содржина по предметот ги опфаќа сите видови на трговски друштва, како трговски субјекти, понатаму управувањето и раководењето на трговските друштва, нивните основни белези. Посебно се обработубваат правните односи меѓу содружниците, правните односи меѓу акционерското друштво и акционерите. Учеството во други трговски друштва (поврзани друштва, друштва во сопственост на државата и друштво со учество на државата, стечај и ликвидација на трговско друштво; странско трговско друштво; други стопански субјекти, право на конкуренција; индустриска сопственост, трговски договори; хартии од вредност. Наставата по овој предмет треба да им помогне на студентите теоретски и практично да се запознаат со работата на трговските друштва без кои не може да се замисли трговското работење.
Содржина
- Трговски друштва (сите видови и поделби)
- Поврзување на трговските друштва
- Преобразба на трговските друштва
- Стечај и ликвидација на трговските друштва
- Посебни трговски работи
- Индустриска сопственост
- Хартии од вредност, меница и чек
Литература
- Александар Николовски, Снежана Плавшиќ, Трговско право, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2005
- MAKKOY, Robin Paul; Law and market economy: Reinterpreting the Values of Law and Economics, Cambridge University Press, New York, 2000
- Thomson Learning BUSINESS law today, E-Commerce, legal, ethical and international environment, 6 издание, Sout-Western, London, 2004
Цели
- По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:
ја познаваат организацијата и работата на трговските друштва, нивните активности, права и обврски, стечајот и ликвидацијата на истите.
- На овој начин студентите ќе ја совладаат стручната, теоретската и практичната терминологија од оваа област на трговското работење која им е неопходна за натомошното следење на наставата по другите дисциплини на другите студиски години.
- Исто така, неопходност во работењето на трговските друштва претставува и запознавањето на студентите со хартиите од вердност, индустриската сопственост и сл.