Управувачко сметководство
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
ACC 310
|
Финансиски менаџмент
|
4+2
|
8,00
|
Опис
Наставата по предметот управувачко сметководство е насочена да им овозможи на студнтите да ја разберат неговата интердисциплинарната содржина, а во тој контекст најнапред да ги сфатат сличностите и разликите на сметководствените дисциплини во рамките на сметководствениот систем за да можат полесно да ја користат неговата практична улога и комбинирањето податоци од различни области при изготвувањето на релевантни информации, неопходни во одделни подрачја на деловното одлучување. Тоа го овозможуваат тематските подрачја посветени на:управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем; трошоците и нивните поделби во менаџерскиот процес; графиконот на рентабилноста за целите на менаџментот; сметководственото офаќање на трошоците; сметководственото планирање, сметководството на активности и др.
Содржина
- Сметководство на менаџмент во рамките на сметководствениот систем
- Трошоците и нивните поделби во менаџерскиот процес и некои елементи на теоријата на трошоците со нејзината практичнa примена
- Графикон на рентабилноста за целите на менаџментот
- Сметководствени постапки за опфаќање на трошоците по носители
- Сметководствено планирање
- Сметководствени постапки за опфаќање на трошоците по носители
- Облици на алокација на трошоците
- Сметководство на активностите
- Некои од алтернативните методи на вреднување на залихите
- Финансиски извештаи за потребите на менаџментот
Литература
- Марковски, Слободан, Блажо Недев: Сметководство на менаџментот, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2003
- Horngren, Charles T., Srikant M. Datar, George M. Foster: Cost Accounting, 12th edition, Prentice Hall, New York, 2005
Цели
По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во состојба:
- Да ја согледаат улогата на управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем и пошироко,
- Да ги определат основите за различно диференцирање на трошоците,
- Да ги пресметаат сите показатели од графиконот на рентабилноста,
- Да ги диференцираат методите на сметководственио опфаќање на трошоците,
- Да ги сфатат предностите на сметководственото планирање и неговата ефикасна примена во претпријатијатието,
- Да ја осознаат потребата од алокација на трошоците,
- Да ја сфатат постапката за опфаќање на трошоците по пооделните активности,
- Да го сфатат значењето на бројни термини кои се поврзани со управувачкото сметководство