Студиски програми

Е-бизнис апликации во виртуелно окружување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 440 Финансиски менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Сашо Јосимовски

Во предметот Е-бизнис апликации во виртуелно окружување студентите се запознаваат со апликативните можности на Интернет медиумот. Откако ќе се воведат основните концепти се изучуваат методите за развој на Интернет апликации преку дефинирање на основните критериуми и изведување на функционална анализа.

Понатаму, се изучуваат системите за управување со содржини (СМЅ) како посебен апликациски дел. Кај нив, фокусот паѓа на изучување на специфичните информациски архитектури кои се потребни за дефинирање на овие системи.

Следи претставување на комуникациските можности на интернет апликациите со изучување на различни алатки и технологии за размена на информации. Се дефинираат и безбедносните рамки на функционирање на Интернет апликациите за на крајот да бидат претставени модерните трендови преку веб сервисите и сервисно ориентираните архитектури.

Клучни зборови: интернет апликации, интернет, корисничко искуство

 

СОДРЖИНА

  1. Карактеристики на интернет-базирани апликации
  2. Методологии на развој на интернет базирани апликации
  3. Карактеристики на итеративниот развој
  4. Функционална анализа  
  5. Техники на корисничко искуство
  6. Алатки и технологии на размена на податоци
  7. Системи за управување со содржини

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Dave Chaffey, E-Business&E-commerce management, Prentice Hall, 2011
  • Mike Kuniavsky, Observing the User Experience, Morgan Kaufmann, San Francisko, 2003

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ја разберат суштината на интернет апликациите;
  • да развиваат стратегии за различни имплементации на интернет апликации потребни за спроведување на е-бизнис;
  • да ги разберат бенефиициите и ризикот на користењето на различните апликациски решенија во организациските процедури и процеси;
  • да демонстрираат вистински корпорациски ситуации поткрепени со е-бизнис технологии;
  • да имплементираат методи и техники на корисничко искуство.