Студиски програми

Анализа на финансиски извештаи


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ACC 440 Сметководство и ревизија 8 4+2 8,00
Предавачи
Зоран Миновски

Опис

Наставата по предметот е да им помогне на студентите во запознавање со значењето на анализата на финансиските извештаи на претпријатијата, како за менаџментот и сопствениците, од една страна, така и за кредиторите и другите надворешни корисници, од друга страна. Во тие рамки студентите да се запознаат со видовите и методите на анализа и изворите на податоци за аналитичко испитување. Посебно внимание се нагласува на анализата на финансиските извештаи: анализа на билансот на состојба, биланст на успех и извештајот за паричните текови. На крај, и анализа на пооделните функции во работењето на претпријатијата.

Содржина

  • Анализа на организационата и економската состојба на претпријатието
  • Анализа на работењето на претпријатијата
  • Анализа на финансиските извештаи за специфични дејности
  • Анализа на финансиските извештаи во услови на инфлација
  • Извештај за паричните текови
  • Биланс на успех
  • Вовед за анализата
  • Вовед во финансиските извештаи и други форми на финансиско известување
  • Анализа на финансиски извештаи
  • Видови анализи
  • Методи на анализата
  • Извори на податоци за аналитичко испитување и нивното изразување
  • Анализа на работењето по фази-функци
  • Биланс на состојба

Литература

  • Stephen H. Penman: Financial Statement Analysis & Security Valuation, McGraw-Hill, International Edition, New York, (2001)
  • Charles H. Gibson: Financial Statement Analysis, 6-th Edition, International Thomson Publishing & Sout-Western, Cincinnati, (1995)
  • Станоевски, д-р Станоил: Теорија на билансот, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, (1997)
  • Стојановиќ, Тодор: Анализа на работењето на претпријатијата, ССФРМ, Скопје, (1990)

Цели

  • Совладување на речникот сврзан со користење на анализата
  • Прибираат, обработуваат и користат податоци за анализа,
  • Разбирање на процесот на анализа на финансиските извештаи,
  • Користењето на добиените податоци преку анализата за донесување на деловни одлуки,