Студиски програми

Банкарски менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
FIN 410 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Горан Петревски

Опис

Овој предмет ги обработува најважните прашања од управувањето со банките. Притоа, најпрвин се изучуваат финансиските извештаи и методите за оценување на работењето на банките. Потоа, следува разработка на кредитната политика и процесот на кредитирање на населението и на претпријатијата. Во продолжение, се изучуваат следниве прашања: управување со ликвидноста, изворите на средствата, капиталот, управувањето со средствата и обврските, вонбилансните активности и меѓународното банкарство.


Содржина

 

  • Финансиски извештаи на банките
  • Оценување на работењето на банките
  • Кредитна политика
  • Кредитирање на претпријатијата
  • Кредитирање на населението
  • Управување со ликвидноста
  • Депозитни и недепозитни извори на средства
  • Управување со капиталот
  • Управување со средствата и обврските
  • Вонбилансни активности и банкарски услуги
  • Меѓународно банкарство

 


Литература

Горан Петревски, Управување со банките. Скопје: Економски факултет, 2008, 2011.


Цели

Со изучувањето на овој предмет, студентите треба да:

  • ги познаваат најважните банкарски ризици и начините за управување со нив
  • да ги познаваат основните алатки на кредитната анализа и принципите на кредитната политика
  • да се запознаат со техниките на управуваве со средствата и обврските
  • да стекнат знаења за меѓународната регулатива за адекватноста на капиталот