Предметната дисциплина Деловна етика им овозможува на студентите да се запознаат со основите на моралот и етиката во деловното однесување во современи услови на стопанисување. Со изучувањето на оваа дисциплина студентите се запознаваат со: карактерот и содржината на деловната етика; суштината на менаџерската етика; етичките дилеми со кои се судрува менаџментот; етичкото однесување и факторите кои влијаат на него; етиката и општествената одговорност на менаџерите; барањата за етичко однесување и причините за неетичко однесување; кодексот на етика и неговата улога во одржувањето високи етички стандарди, управувањето со етичкото однесување; и, современите трендови во развојот на деловната етика.
1. Олгица Блажеска: Деловна етика (авторизирана скрипта);
2. Леонид Наков: Деловна етика, (учебник во подготовка);
3. George T. De Richard: Poslovna etika, Filip Visnjic, Beograd, 2003;
4. Dramond Dz., Bejn B.:Poslovna etika, Klio, Beograd, 2001;
5. Bebek, B., Kolumbic, A.:Poslovna etika, Sinergija, Zagreb, 2000;
6. Kalacun S.:Poslovna etika, Ljubljana, 2001;
7. Klose,A.:Poduzetnicka Etika, Skolska knjiga, Zagreb, 1996.