Студиски програми

Вовед во економија на животната средина


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 120 Сметководство и ревизија 6+0 8,00
Предавачи
Пеце Недановски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Наставата по овој предмет треда да им се овозможи на студентите разбирање на актуелните проблеми сврзани со загадувањето на животната средина од економски аспект. Во оваа смисла, интенцијата е да се постават основите за стручна анализа на овој вид проблеми, како и за изнаоѓање адекватни решенија. Анализата започнува со пристапот на макро ниво (националната економија како целина), т.е. со улогата на државата/владата, за потоа да се спушти на ниво на одделни компании/трговски друштва. Притоа, посебен акцент се става на можностите за примена на одделни економски мерки и инструменти во заштитата на животната средина во Македонија.

Клучни зборови: Парето оптимум, животна средина, загадување, заштита, економски мерки.

 

СОДРЖИНА

  1. Теоретски основи на еколошкиот менаџмент
  2. Оптимално ниво на загаденост на животната средина
  3. Сопственичките права, екстерналиите и еколошките проблеми
  4. Еколошки стандарди, даноци, субвенции и разменливи дозволи за загадување
  5. Методологии за процена на еколошката штета
  6. Корпоративни еколошки стратегии
  7. Концепти и инструменти на еколошкиот менаџмент на ниво на компанија
  8. Социоекономски менаџмент на еколошкиот предизвик: примерот на Македонија

 

ЛИТЕРАТУРА:

  1. Недановски Пеце: Економски аспекти на заштитата на животната средина, Економски факултет, Скопје, 2004.
  2. Недановски Пеце: Економскиот развој и животната средина; Економски факултет, Скопје, 2000.
  3. Tietenberg Tom: Environmental and Natural Resource Economics, Addison-Wesley, 2000;
  4. Schaltegger Stefan, Burritt Roger, and Petersen Holger: An Introduction to Corporate Environmental Management, Greenleaf Publishing, 2003.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По положувањето на испитот студентите ќе бидат оспособени:

  1. да ги разбираат основните концепти на односите помеѓу економијата и животната средина, од теоретски и практичен аспект;
  2. да ги познаваат стандардните микроекономски пристапи: Парето-оптималност, екстерни ефекти, подготвеност да се плати, подготвеност да се прифати, трансакциони трошоци итн. од аспект на нивната примена кај проблемите на загадување на животната средина;
  3. да извршат евалуација на условите во кои може да се применат економските мерки и инструменти на политиката на заштита на животната средина, во рамки на една национална економија;
  4. да ги анализираат одделните проблеми со загадување на животната средина од аспект на нивните консеквенции врз компаниите/трговските друштва, и да изнајдат адекватен пристап во прилагодување кон политиката на државата/владата;
  5. да ја познаваат системската поставеност и начинот на водење на политиката на заштита на животната средина во Македонија, како и деловниот одговор на бизнис-секторот на ваквата политика.