Студиски програми

Економика на внатрешна трговија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 230 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Ежени Брзовска

Опис

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето, суштината и функционирањето на економиката на внатрешната трговија. Имајќи предвид дека насочувањето при совладувањето на одделни програми, се повеќе, е специјализирано, во содржината на оваа дисциплина во голема мера е направен обид што поконкретно да се обработат токму оние прашања и проблеми кои непосредно ќе овозможат примена во практичното ангажирање на дипломираните економисти. Притоа, поаѓај}и од од фактот дека станува збор за применета на дисциплина која треба да даде практични сознанија при работењето во внатрешниот промет, освен поконкретниот пристап во дефинирањето на прашањата од секојдневното работење на претпријатијата во внатрешниот промет, особено внимание се посветува на настојувањето одделни прометни активности да се изложат функционално за да можат да бидат од полза за сите учесници во прометот.


Содржина

1.Општи аспекти на стоковниот промет и трговијата

2. Фактори за развој на внатрешната трговија

3. Носители и организациони форми на внатрешниот стоков промет

4. Трошоци, маржи, рабати и цени

5. Техники на (внатрешното) трговско работење

6. Трговска политика


Литература

  1. Снежана Ристевска-Јовановска, Бошко Јаќовски (2002), Економика на внатрешната трговија, трето издание, Економски факултет, Скопје, стр. 31-257 и 263-304
  2. Patrick M. Dunne, Robert F. Lusch; Retailing; 5th edition; Thomson; 2005
  3. M.R.Czinkota i I.A.Ronkainen „ International marketing „ Harcourt College Publishers, 2002 god.str.388-464
  4. Michail Levy, Barton A. Weitz, (1992): "Retailing management", Richard D. IRWIN, p.5-155
  5. Weitz A.Barton, Castleberry B.Stephen, Tarner F.John:"Selling-bilding partnerships", IRWIN, Boston, USA, 1992, p.50 -56;p.130-239;p.384-410

Цели

По завршувањето на наставата студентите треба да  бидат способни во практика да ги аплицираат здобиените теоретските сознанија за аспектите на стоковниот промет и трговијата, како што се:

1. презентирање на елементите на пазарот и неговите институции од аспект на неговото влијание врз вршењето на прометот;

2. избор на соодветна локација како фактор во вршењето на прометните активности;

3. организацијата на субјектите во прометот на големо и во прометот на мало со сите значајни аспекти на вршењето на нивните активности;

4. прашањата сврзани со трошоците, маржите - рабатот и формирањето на малопродажната цена;