Студиски програми

Инвестиционен менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 340 Сметководство и ревизија 6+0 8,00
Предавачи
Методија Несторовски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметната дисциплина инвестиционен менаџмент е конципирана да обезбеди сеопфатност на проблематиката на инвестиционото одлучување. Предмет на програмата е појмовно да се дефинираат инвестициите, да се дадат апликативни сознанија од областа на инвестициите и процесот на инвестирање, подготовката на инвестициони студии, оценката и изборот на инвестиционите проекти, а посебно внимание ќе му биде посветено на процесот на имплементација и управување со инвестиционите проекти, техниките на проектниот менаџмент и примената на програмските пакети за поддршка на овој процес.

Клучни зборови: инвестиции, инвестиционен циклус, физибилити студија, инвестициони критериуми, проектен менаџмент

 

СОДРЖИНА

  • Инвестиции и инвестиционен проект
  • Процесот на инвестициониот проект (инвестиционен циклус)
  • Анализа на факторите кои ја детерминираат изводливоста на инвестиционите проекти
  • Економско - финансиска анализа на инвестициониот проект
  • Инвестициони критериуми кои не се базираат на концептот на временската вредност на парите
  • Инвестициони критериуми кои се базираат на концептот на временската вредност на парите
  • Анализа на ризикот кај инвестиционите проекти
  • Проект - менаџмент

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Несторовски, Методија: Инвестиционен менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2003 год.

Дополнителна:

  • Alan C. Shapiro: Capital Budgeting and Investment Analysis,  1st  edition, Prentice Hall;, 2005
  • R. Meredith, Jack; J. Mantel, Jr. Samuel.: Project Management-A Managerial Approach, 4th edition, Jophn Willey &  Sons, New York, 2000

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма по предметот инвестиционен менаџмент е да им овозможи на студентите исклучителни познавања за процесот на капиталните вложувања и менаџментот со проектите, особено со инвестиционите проекти. Со успешното совладување на алатките во доменот на економско-финансиска анализа на инвестиционите проекти, студентите како идни менаџери треба да бидат способни за носење на вистинска инвестициска одлука и со тоа и раст и развој на компанијата во која ќе работат во иднина.

Поконкретно, студентите ќе имаат знаења, способност анализа и инвестиционо одлучување, а особено ќе ги владеат следниве проблеми во доменот на капиталните вложувања и проектниот менаџмент:

  • да го совладаат методолошкиот инстументариум за инвестиционо одлучување - универзалните инвестицони критериум, технкики и методи за нивна пресметка;
  • да ги познаваа со пристапите на факторските анализи за инвестиционите проекти;
  • да изучат и стекнат знаења за подготовката на инвестицоните студии – (прединвестициони, инвестициони и други);
  • посебно да се запознаат со примената на техниката на мрежното планирање во планирањето на основните параметри на инвестициониот проект;
  • да се оспособат за управување со инвестиционите проекти, на ниво на проект или потпроекти;
  • да се запознаат со некои од најпознатите софтвери за изготвување на инвестициони студии и за оценка на инвестициони проекти, како и за планирање и следење на реализацијата на инвестиционите проекти
  • да се запознаат со техниките на планирање, организација и управување со инвестиционите проекти, следење на нивната реализација, мониторинг и контрола;