Студиски програми

Јавни финансии


Шифра Студиска програма Часови Кредити
FIN 230 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Михаил Петковски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот Јавни финансии им овозможува на студентите да се запознаат со карактерот, улогата и функциите на јавните финансии, како дел од јавниот сектор. Содржината на предметот опфаќа посебно изучување на: (1) јавните расходи - нивните размери, видовите, причините за нивниот пораст, економските ефекти и ефектите на прераспределба на доходот и вреднувањето на расходите за јавни проекти; (2) јавните приходи, а пред сè земајќи ги предвид нивните фискални задачи и вонфискалните функции, поврзани со постигнувањето макроекономски и микроекономски ефекти; Буџетот се изучува како инструмент за јавното финансирање и посебно неговите функции во рамките на економската и социјалната политика, со што се добиваат знаења за системот на финансирање на државата и на производството на јавни добра. Во рамките на предметот значајно внимание се посветува на стабилизационата фискална политика и на појавата и економските импликации на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Теориските знаења кои ги стекнуваат со изучување на оваа научна дисциплина се верифицираат преку анализата на фискалниот систем на Република Македонија, кој се изучува како засебен дел (даночниот систем, буџетскиот систем, фискалната политика).

Клучни зборови: јавни расходи, јавни приходи, буџет, фискална политика, буџетски дефицит.

 

СОДРЖИНА

  • Вовед во јавните финансии
  • Даночен систем
  • Фискални односи помеѓу различни нивоа на власта
  • Јавниот долг во Република Македонија
  • Пазарниот неуспех и функции на државата
  • Јавни расходи
  • Јавни приходи
  • Јавен долг
  • Буџетски дефицит
  • Фискална политика
  • Фискални односи помеѓу различни нивоа на власта
  • Буџетски систем

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Атанасовски, Живко : Јавни финансии, универзитетски учебник, Економски Факултет, Скопје, 2005
  • Богоев, Ксенте и Атанасовски, Живко: Даночниот систем на Македонија -теоретски и практични аспекти, Мисла, Скопје, 1994

Дополнителна: најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на професорот, студии на случај, академски истражувања и анализи.

  • Harvey S.Rosen: Public Finance, sixth edition, Mc Grow - Hill, Inc, New York, 1995
  • R.Musgrave and P.Musgrave: Public Finance in Theory and Practice, Mc Grow Hill, Inc., New York, 1988

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По изучувањето на овој предмет, студентите треба да располагаат со следните области на знаења:

  • стручно да го тумачат и разбираат јавниот систем на пружање јавни добра во рамките на функциите на државата и да стекнат неопходно теориско знаење за институциите на јавните финансии (јавните приходи и јавните расходи) и за нивните ефекти;
  • да подготвуваат адекватни предлози за уредувањето на даночниот систем и водењето ефикасна даночна политика;
  • да направат правилен избор на најдобрите решенија меѓу повеќе алтернативи, според целите и ефектите кои треба да се постигнат во фискалната, економската или социјалната сфера
  • брзо да се вклучат во државната управа, претпријатијата и консалтингот за проблематиката што ја изучувале.
  •  да вршат стручни анализи за делувањето и ефектите на јавните расходи и даноците