Студиски програми

Меѓународен маркетинг


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 420 Сметководство и ревизија 6+0 8,00
Предавачи
Татјана Мирчевска-Петковска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Меѓународниот маркетинг е една од најмладите научни дисциплини на деловната економија која од специфичен агол ги набљудува и анализира меѓународните маркетинг активности на претпријатијето. Во рамките на овој предмет се изучуваат многубројните феномени и процеси кои се денес присутни во светската економија и кои укажуваат дека традиционалните пристапи полека но сигурно завземаат местото во историјата. На нивно место се раѓа свет, кој е економски меѓузависен и кој не признава никакви политички граници кои се нрекуваат држави. Со изучување на материјата се доаѓа до сознание дека сите клучни економски параметри мора да бидат насочени во насока во која се развива меѓународната економија и светскиот пазар. Стекнатите знаења по Меѓународниот матркетинг и нивната примена во практиката ќе не доближат до успешните претпријатија и успешните земји, кои знаат што сакаат од сопствените ресурси и сопствените економии, во контекс со светскиот пазар.

Клучни зборови: Меѓународен маркетинг, меѓународно окружување, надворешни пазари, производ, цена, канали, промоција

 

СОДРЖИНА

  1. Mеѓународен маркетинг – концепт
  2. Меѓународен маркетинг – контекст
  3. Меѓународен таргет маркетинг
  4. Меѓународно маркетинг – истражување
  5. Меѓународно пазарно таргетирање
  6. Меѓународен позиционен маркетинг
  7. Трговски форми на меѓународно деловно позиционирање
  8. Меѓународен акционен маркетинг
    • Производот како инструмент на меѓународниот маркетинг
    • Цената како инструмент на меѓународниот маркетинг
    • Каналите на продажба како инструмент на мeѓународниот маркетинг
    • Промоцијата како инструмент на мeѓународниот маркетинг

 

ЛИТЕРАТУРА:

  1. Д-р Митре Стојановски, “Меѓународен маркетинг”, Економски факултет, Скопје, 2009
  2. Д-р Бранко Ракита , “Меѓународни маркетинг”, Економски факултет - Београд, 2001
  3. Д-р Јозо Превишиќ, Ѓурѓана Озретиќ — Дошен, “Меѓународни маркетинг“, “Мас медија”, Загреб , 1999
  4. Д-р Данило Везјак “Меѓународни маркетинг”, Савремена администрација, Београд, 1991
  5. M.R,Czinkota ,I.A.Ronkainen "International marketing", 2002

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА                                                                    

  1. Студентите да се запознаат со современите движења на светскиот пазар;
  2. Да стекнат знаење и искуство за начините и методите на истражување и позиционирање на компаниите на странски пазари;
  3. Да стекнат сознанија за меѓународните маркетинг стратегии и можностите за нивна имплементација во променливото глобално окружување;
  4. Да стекнат знаења и вештини за примена на начините, методите и постапките за креирање стратегии на производ, цена, промоција и дистрибуција на меѓународните пазари;
  5. Да го применат своето знаење во реални ситуации, особено во работењето на извозно ориентираните компании;
  6. Со стекнатото знаење, во текот на работењето, да го унапредуваат развојот и примената на меѓународниот маркетинг.