Студиски програми

Меѓународно финансиско известување


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ACC 410 Сметководство и ревизија 8 4+2 8,00
Предавачи
Зоран Миновски

Опис

Наставата по предметот меѓународно финансиско известување е насочена да им овозможи на студентите да ја разберат неговата интердисциплинарна содржина и позначајните трендови на сметководството во меѓународни рамки. Со изучувањето на овој предмет студентите треба да бидат во состојба да ги подготват, читаат, разберат и анализираат финансиските извештаи подготвени според барањата на Меѓународните стандарди за финансиско известување. Тоа го овозможуваат тематските подрачја посветени на: позначајните економски и други фактори кои влијаат врз усогласувањето на финансиското известување, трендовите во класификацијата на сметководствените системи, теориите на сметководството и сметководствените вредности, позначајните обележја на сметководствените системи во одделни земји, облиците на меѓународното финансиско известување, како и позначајни подрачја при примената на меѓународните стандарди за финансиско известување.

Содржина

  • Развојни трендови на сметководството во меѓународни рамки
  • Позначајни обележја на сметководствените системи на некои земји (САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Германија, Јапонија, Кина)
  • Облици на меѓународното финансиско известување
  • Позначајни подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување (при преведувањето на странските валути, при деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, при сегментираното известување, при заедничките вложувања и др.)

Литература

  • Марковски Слободан, Блажо Недев: Меѓународно сметководство – Компаративни сметководствени системи, Универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 1997
  • Frederick D. Choi and Gary K. Meek, International Accounting, 6th edition, 2007

Цели

  • Знаење поврзано со развојните трендови на сметководството во меѓународни рамки..
  • Знаење за процесите на усогласување на сметководствената практика и факторите кои влијаат врз усогласувањето на финансиското известување.
  • Знаење за сметководствените практики на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Кина и др.
  • Познавање на регулативната рамка на финансиското известување во Европската унија.
  • Познавање на концепциската рамка на Меѓународните стандарди за финансиско известување.
  • Знаење за позначајните подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување поврзани со преведувањето на странските валути, деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, сегментираното известување, заедничките вложувања и др..