Монетарна економија
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
FIN 220
|
Сметководство и ревизија
|
4+2
|
8,00
|
Предавачи
|
Горан Петревски
|
Опис
Предметот Монетарна економија има за цел да ги запознае студентите со основните и најважните поими и категории од монетарната теорија и монетарната политика. Конкретно, преку изучувањето на овој предмет, студентите ќе се здобијат со продлабочени знаења за потеклото и настанувањето на парите, функциите на парите, вредноста на парите, монетарните стандарди, монетарните агрегати, и најважните современи монетарни теории. Исто така, голем дел од наставната програма по овој предмет е посветена на изучување на теоретските и практичните проблеми поврзани со монетарната политика како: цели и инструментите на монетарната политика, факторите на креирањето и повлекувањето на парите, анализата на побарувачката на парите итн. Во тие рамки, посебно внимание се посветува на стабилизационата политика во Македонија во периодот по монетарното осамостојување.
Содржина
- Проблемот на временските задоцнувања во монетарната политика
- Мерење на вредноста на парите
- Монетарни стандарди
- Дефинирање на парите и на монетарните агрегати
- Дефиниција на монетарните агрегати во Македонија
- Неутралноста на парите ? теоретски осврт
- Класична квантитативна теорија на парите
- Потекло и развој на парите
- Реформулирана квантитативна теорија
- Трансмисиониот механизам на монетарната политика
- Инструменти на монетарната политика
- Побарувачка на пари
- Инфлација
- Антиинфлациона политика
- Антиинфлациона политика во Р. Македонија
- Кејнсијанската монетарна економија
- Понуда на пари
Литература
- Трпески Љупчо, Пари и банкарство, второ издание, Универзитетски учебник Economy Press,Скопје, (2003)
- Bofinger, Peter, Monetary Policy � Goals, Institutions, Strategies, and Instruments, Oxford University Press, Oxford, (2001)
Цели
- Совладување на основните поими од монетарната еконо�мија,
- Запознавање со современите теоретски достигнувања од монетарната теорија,
- Разбирање на практичните аспекти на водењето на моне�тар�ната политика,
- Запознавање со најновата монетарна историја на Маке�донија (периодот по монетарното осамостојување).
- Развој на способности за креативно и аналитичко размис�лување за конкретните проблеми со кои се соочуваат носителите на монетарната политика.