Студиски програми

Однесување на потрошувачите


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 220 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето, суштината и функционирањето на однесувањето на потрошувачите. Оваа материја во теоријата на маркетингот спаѓа во доменот на најсуптилните прашања, бидејќи од особена важност за секој стопански субјект претставува познавањето на аспектите на однесувањето на потрошувачите кои особено доаѓаат до израз преку индивидуалноста на човекот во процесот на донесување одлука за купување, како и неможноста да се согледаат внатрешните мотиви и психичките елементи кои на определен начин имаат влијание врз карактерот на одлуката. Содржината, карактерот и опфатот на учебникот наменет за совладување на оваа дисциплина произлегуваат од структурата на наставниот план на Економскиот факултет во Скопје, според кој насочувањето на студентите при совладувањето на повеќето дисциплини е специјализирано при тоа водејќи се од меѓусебната условеност и поврзаност на наставните дисциплини кои се изучуваат на департманот по Маркетинг.

Клучни зборови: Потрошувач, психолошки детерминанти, социолошки детерминанти, економски детерминанти, процес на донесување одлука за купување, конзумеризам

 

СОДРЖИНА

  1. Однесување на потрошувачите и маркетингот
  2. Типови на потрошувачи и препознавање на потребите
  3. Истражувачки методи за проучување на однесувањето на потрошувачите
  4. Психолошки фактори на потрошувачка
  5. Социолошки фактори на потрошувачка
  6. Преткуповно оценување на алтернативите и купување
  7. Потрошувачка, посткуповно оценување и дивестирање

 

ЛИТЕРАТУРА:

  1. Проф.д-р Снежана Ристевска-Јовановска: Однесување на потрошувачите, Економски факултет, Скопје. 2013
  2. Проф.д-р Снежана Ристевска-Јовановска, проф. д-р Бошко Јаќовски: Однесување на потрошувачите, Економски факултет Скопје, трето дополнето и изменето издание, 2008

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА                                                                    

  1. Да ги идентификуваат различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите преку анализа на изложената материја.
  2. Правилно да ги интерпретираат фазите во процесот на донесување на одлука за купување при изработката на маркетинг стратегија.
  3. Да ја познаваат домашната и регулативата на ЕУ во подрачјето на заштита на потрошувачите преку анализа на материјата и друга релевантна литература.