Студиски програми

Организациско однесување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 130 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Љубомир Дракулевски; Александра Јанеска-Илиев

Опис

Намерата на овој предмет е да им помогне на студентите да го разберат однесувањето на луѓето во денешните комплексни организации. Главните прашања што се опфатени во наставната програма по овој предмет се: човекот како поединец, мотивацијата, групите и однесувањето на групите, теориите за лидерство, авторитет, моќ, политика, култура и промени во организацијата.

Содржина

  • Организациското однесување и организацијата
  • Групи во организацијата
  • Мотивација
  • Поединецот и организацијата
  • Лидерство
  • Природата на организациското однесување

Литература

  • Дракулевски, Љубомир: Лидерство-основа за ефективен стратегиски менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 1999
  • Kinicki, Angelo, Robert Kreitner: Organizational Behavior, key conncepts, skills & best practices, McGraw-Hill, Irwin, Hightstown, 2006

Цели

  • Ја согледаат вклученоста на луѓето во организацијата
  • Ја согледаат комплексноста на управувањето во организациите
  • Размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со однесувањето на работното место
  • Развијат критичка дискусија за современите менаџмент техники