Студиски програми

Осигурување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MST 310 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Игор Ивановски

Опис

Сфаќањето на логиката на осигурителните процеси е во најнепосредна врска со разбирањето на економската, правната и техничката основа на осигурувањето. Примената на осигурувањето и реосигурувањто во економијата и во другите области како една од многуте значајни научни дисциплини ја наметна потребата од нејзино познавање и проучување не само во доменот на правната наука. Имајќи предвид дека осигурувањето во основа е стопанска дејност, намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирање на значењето и суштината на економските, пред останатите елементи на осигурувањето како процес. Во таа насока, целта е поадекватно и аналитички да се обработат праша­њата од областа на осигурувањето како микроекономска научна дисциплина и воедно како синтеза на голем број економски, правни и математички елементи.

 

Содржина

 

  • Актуарски основи на осигурувањето на живот
  • Средства на осигурувањето
  • Соосигурување и реосигурување
  • Видови на осигурувања
  • Функции на осигурувањето
  • Елементи и техничка организација на осигурувањето
  • Поим и суштина на осигурувањето

 

Литература

 

  1. Александар Николовски, Драги Јанев: Осигурување со елементи на актуарска анализа, Скопје, 2008.
  2. Драги Јанев: Математички таблици за економисти, Економски факултет, Скопје, 2010.
  3. Емет Ј, Воган, Тереза М, Воган: Основи на ризикот и осигурувањето, Њујорк, 1999, John Wiley&Sons, Inc, 904 стр.

 

Цели

 

  • Ги запознаат актуарските (техничките) основи на осигуру�вањето на живот.
  • Ја разберат логиката на осигурителните процеси пред се од економски а воедно и од правен аспект,
  • Ги осознаат теоретските и апликативните аспекти на осигу�ру�вањето, потребата од осигурување, превенцијата, репре�сијата, функциите на осигурувањето како и видовите на осигурување.
  • Бидат способни да поставуваат актуарски модели за прес�ме�тување на еднократната и повеќекратната премија за рентните осигурувања и модели за пресметување на мате�матичките резервиза пооделните видови на животни осигу�рувања.