Студиски програми

Основи на маркетинг


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 210 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на претпријатијата и како таа функционира во практиката. Во таа смисла е и потребата да добијат пошироки знаења од маркетингот поаѓајќи од фактот дека во центарот на интересот на секое претпријатие е потрошувачот и неговите потреби и желби кои треба да се осознаат со цел истите да бидат задоволени. Тоа ќе се постигне преку производите што се нудат на пазарот, цените по кои се нудат, каналите на дистрибуција и промотивните активности кои имаат за цел информирање и убедување на потрошувачите. Поради сето ова во рамки на наставата посебно внимание се посветува на: производот т.е. услугата, цената, дистрибуцијата и промоцијата како и на прашањата поврзани со управувањето со маркетинг активностите.

Клучни зборови: Маркетинг, однесување на потрошувачите, производ, услуга, цена, дистрибуција, промоција

 

СОДРЖИНА

  • Прв дел маркетинг концепт
  • Втор дел Маркетинг менаџмент
  • Трет дел МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ
  • Четврти дел сегментирање на пазарот
  • Петти дел производ
  • Шести дел цена на производите
  • Седми дел ПРОМОЦИЈА
  • Осми дел дистрибуција
  • Деветти дел маркетинг за глобален пазар

 

ЛИТЕРАТУРА

  1. Проф. д-р Снежана Ристевска-Јовановска, Маркетинг: теорија и практика, 1/Е, Економски факултет, Скопје, 2010 година
  2. Проф.д-р Бошко Јаќовски, Проф.д-р Снежана Ристевска-Јовановска, Маркетинг, деветто издание, Економски факултет, Скопје, 2009 година

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА                                  

  1. Секој студент треба да биде способен да изврши сегментирање на пазарот и интерпретирање на процесите на позиционирање и таргетирање преку познавање на однесувањето на потрошувачите на различните пазарни сегменти.
  2. Студентот треба да биде способен да ги идентификува и успешно да ги комбинира инструментите на маркетингот преку анализа на изложената материја, примери од праксата и изработка на проекти.
  3. Студентот треба да биде oспособен тимски да дизајнира и спроведе истражувачки проект, како и да ги споредува и вреднува добиените податоци од маркетиншки аспект.
  4. Студентот треба да биде способен да ja примени маркетинг концепцијата во работењето и да донесува правилни маркетиншки одлуки кои базираат на познавањето на принципите на маркетинг менаџментот