Студиски програми

Претприемништво


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 450 Сметководство и ревизија 4+0 8,00
Предавачи
Таки Фити

Опис

Современата економска наука претприемништвото го вбројува во посебен, четврт развоен фактор. Предметот ги изучува основните карактеристики на претприемништвото и на претприемничкото однесување: иновацијата, ризикот, реалокацијата на ресурсите кон најпродуктивните точки на употреба и комбинацијата, рекомбинацијата и супституцијата на факторите на производство. Во предметот се елаборираат и искуствата на развојот и мерките и инструментите на подршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото во развиените земји, земјите во развој и земјите во транзиција, а во тој контекст и во Македонија. Во апликативниот дел на малиот бизнис посебно внимание се обрнува на бизнис планот, неговата содржина и неговите функции.

Содржина

  • Мерки и инструменти на политиката на помагање на малите бизниси
  • Претприемничка практика
  • Развојот на малите бизниси во македонија
  • Претприемништвото во економската теорија
  • Форми на организација на малите бизниси
  • Развојот на малите и средните претпријатија во светот
  • Бизнис план
  • Суштинските карактеристики на претприемништвото
  • Предности и недостатоци на малиот бизнис

Литература

  • Hisrich Robert, Peters Michael: Entrepreneurship, Irwin McGraw � Hill, International Edition, 1999
  • Фити Таки: Претприемништво, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 1999

Цели

  • како се почнува со сопствен бизнис
  • филозофијата на претприемништвото, суштината на претприемничкото дејствување и неговото значење за развојот на малите и средните бизниси;
  • современите мерки и инструменти на подршка на претприемништвото и на креирање на претприемнички амбиент;
  • клучните проблеми со кои се соочуваат претприемачите во различните фази на развој на претпријатието и можните пристапи за нивно релативизирање и надминување.