Студиски програми

Сметководствени информациони системи


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ACC 340 Сметководство и ревизија 6 4+2 8,00
Предавачи
Љубиша Јаневски

Опис

Наставата по предметот е со цел да им помогне на студентите во осознавањето за значењето, местотото и улогата на сметководствениот информационен систем во рамките на целокупниот информациониот систем во претпријатието. Во тие рамки за значењето на обработката на податоците и користењето и управувањето со информациите како ресурс на претпријатието. Студентите да се запознаат со концепирањето и димензиите на сметководствениот информационен систем, како најразвиен информационен систем во претпријатијата. Посебно внимание заслужуваат: системската структура, организацијата на основа на датотеки (фајлови) и на основа на базаи на податоци, анализа и дизајнирање на системот, контрола и заштита на системот и сметководствените трансакциони циклуси.

Содржина

  • Сметководствени информациони системи со бази на податоци
  • Развој на сметководствениот информационен систем
  • Обработка на сметководствени информации
  • сметководствени информациони системи со датотеки
  • Системска структура и сметководствените информациони системи
  • Концепт и димензии на сметководствените информациони системи
  • Контрола и заштита на сметководствениот информационен систем

Литература

  • J. L. Boockholdi, Accounting Information Systems, 4th edition, Irwin, New York, 1996
  • Bodnar & Hopwood, Accounting Information Systems, 7th edition, Prentice Hall, New Jersey, 1998

Цели

  • Совладување на речникот сврзан со користење на современите информатички средства и технологии
  • Како да се контролира и заштити СИС и податоците
  • Разбирање на процесот на анализа и дизајнирање на СИС
  • Разбирање на организационата структура на СИС
  • Прибираат, обработуваат и користат информации,