Студиски програми

Сметководство на јавен сектор


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 460 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Зоран Миновски

Опис

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на улогата и значењето на сметководствениот систем во јавниот сектор.Во тие рамки да се укаже на приодот кон финансиското известување, посебно на методолошките основи на сметководството, принципите и меѓународните сметководствени стандарди за јавен сектор, финансиското известување на владата за меѓународна споредба во согласност со системот на национални сметки и системот на државна финансиска статистика, сметководство на долгорочните средства и долгови, фондовското сметководство, буџетот и буџетското сметководство и ревизијата во јавниот сектор.

Содржина

  • Вовед во сметководството на јавен сектор
  • Принципи, стандарди и законско регулирање на сметководството на јавниот сектор
  • Финансиско известување според меѓународните сметководствени стандарди за јавен сектор
  • Финансиско известување според системот на национални сметки и системот на државна финансиска статистика
  • Сметководство на основни групи на сметки на долгорочни средства и обврски и фондовско сметководство
  • Буџет, буџетско сметководство и известување
  • Сметководство и известување за ентитети во јавниот сецтор
  • Ревизија во јавен сектор

Литература

  • Миновски Зоран: Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации, прво издание, универзитетски учебник, Економски факултет-Скопје, 2004
  • Wilson R. Earl, Kattelus C. Susan, Hay E. Leon: Accounting for Governmental and Nonprofit Entities, McGraw-Hill, Irwin, Boston, 2004
  • Jesse Hughes , Zoran Minovski: “A Plan For Implementation Of International Public Sector Accounting Standards In Developing Countries And Economies In Transition”, The International Consortium on Governmental Financial Management, Public Fund Digest, Volume IV, No. 1, February, 2004

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да:
  • Стекнат теоретски и практични знаења за сметководството на јавниот сецтор,
  • Развијат способности за примена на методолошките основи на сметководство, начелата и стандардите за финансиско известување во јавниот сектор,
  • Разбирање на сметководството и финансиското известување на владата според системот на национални сметки и системот на државна финансиска статистика,
  • Развијат аналитички способности за буџетско и фондовско сметководство,
  • Осознавање на функционирање на ревизијата во јавниот сектор