Предметот овозможува осознавање на конкретните математичките методи и модели и нивна примена во долгорочните финансиски операции. Тој има за задача да ги оспособи студентите да ги користат математички модели при решавањето на проблемите од економската теорија и пракса. Со аплицирање на математичките методи и модели студентите мошне успешно ќе ги спознаваат и користат практичните методи и модели неопходни во процесот на изготвување на економски и финансиски анализи и планови и донесување на економски и инвестициони одлики.