Студиски програми

Менаџмент на е-бизнис


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 340 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Вера Наумовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Низ овој предмет студентите ќе се запознаат со тоа како се спроведува, справува  и управува со можностите, ограничувањата, излегувањето во јавност и ризиците во е-бизнис и е-трговското работење. Е-бизнис и е-трговските апликации бараат одредена технолошка инфраструктура и други механизми за подршка на полето на бизнис кон потрошувач, бизнис кон бизнис и интрабизнис (во рамки на бизнисот).

Главна поента ќе биде дадена на е-бизнис инфраструктурата и подршката за стартување, организирање и менаџирање на е-бизнис и е-трговија; редизајн на претпријатијата кон е-бизнис и е-трговија (БПР и ЕРП), плаќањата, логистиката  и т.н.

Клучни зборови: start-up е-бизнис, работење во е-бизнис, е-бизнис стратегија,  БПР, ЕРП

 

СОДРЖИНА

  1. .Основи на е-бизнис 
  2. .Дефинирање на е-бизнис идеа
  3. Креирање на Е-бизнис план
  4. Отпочнување на е-бизнис
  5. Работење во  е-бизнис
  6. Дизајн на е-бизнис вебсајт
  7. BPR (Редизајнирање на претпријатието во е-бизнис -business process reengineering)
  8. .ЕРП (Enterprise resources planning)
  9. Е-бизнис стратегија – формулација
  10. Е-бизнис стѕратегија-имплементација
  11. Е-бизнис стратегија-евалуација
  12. Здобивање и одржување на конкурентска предност

 

ЛИТЕРАТУРА:

      Основна:

     1.Napier H. Albert Napier, Ollie Rivers, Stuart Wagner and JB Napier“Creating a Winning  E-business, 2ed., Thomson – Course Technology, 2006

     2.Colin  Combe, “Introduction to e-business Management and Strategy,  Elsevier Ltd., 2006

Дополнителна:

  1. K.K.Laudon K.G.Traver, E-trgovija, Alamina Skopje, (prevedena kniga od Vlada na RM, 2010
  2. Dave Chaffey, "E-Business and E-commerce Management”, Prentice Hall  4ed.,(2010)
  3. Paul Phillips, "E-Business strategy", The McGraw Hill Companies( 2003)
  4. Scheider P. G., “E-business”, International ed., Course Technmology, Cengage Leraning, 2011
  5. M. J. Cunninghamm, "How to build a profitable E-commerce Strategy”, Pearson Education (2001)
  6. Omar A. El Sawy, " Redesigning Enterprises Processes for E-business", McGraw Hill & Irwin (2001)

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

  По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Ги разбере последователните чекори во истражување, развој - претставување и анализа на е-бизнис  и  е-трговиските процеси
  • Да го идентификува ланецот на вредности во донесувањето на менаџмент одлуки
  • Да може да процени кои се соодветните методологии што се користат за развој на технички и апликативни основи за интранет, екстранет и интернет системи за е-бизнис и е-трговија
  • Да раководи со потребите на анализа во претпријатието во услови на соодветни е-бизнис модели
  • Процени кои софтвер и aутсоурцинг -АСП е потребен во сценарио за е-бизнис и е-трговија
  • Покаже познавања од користење на vеб базирани ЕРП системи дефинирајќи ги односите кон потребите на правење резервација и порачки, порачки од стоваришта, купување, испорачување на купената роба и тн.