Е-бизнис-дистрибутивни канали
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
EBU 350
|
Сметководство и ревизија
|
4+2
|
8,00
|
Предавачи
|
Лидија Пулевска Ивановска
|
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ
Предметот ги запознава студентите со основните концепти, дефиниции и окружувањето на е-бизнис дистрибутивните канали. И во бизнис-кон-потрошувач и бизнис-кон-бизнис делот, повеќе истражувања укажуваат дека во следните неколку години, повеќе од клиентите, ќе користат повеќе онлајн канали за купување и набавка. Свесни за овој тренд постојните и новодоаѓачките компании во огромен број на индустрии се движат кон „цигла и клик” стратегии на дистрибуција за да привлечат, зголемат и задржат овие новонастанати клиенти преку повеќе е-бизнис дистрибутивни канали.
СОДРЖИНА
- Структура и функции на е-бизнис дистрибутивните канали
- Дизајнирање на каналите
- Проток на каналите и анализа на ефикаснота
- Густина на каналите
- Извор и анализа на јазови во каналите
- Моќта на каналите
- Управување со конфликтите во каналите
- Стратегиски сојузништва во дистрибуцијата
- Создавањето вредност за потрошувачите
- Вертикална дистрибуција
- Избор на е-бизнис дистрибутивни канали
- Трговија на мало во електронска комерција
ЛИТЕРАТУРА:
- Anne T. Coughlan, Erin Anderson, Louis W. Stern, Adel I. El-Ansary, Marketing channels, seventh edition, Pearson education, Inc., 2006
ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА
Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:
- да ја разберат улогата, природата и различноста на различните дистрибутивни канали во е-бизнис окружување;
- да ги идентификуваат и разберат ситуациите, условите и окружувањето во кои функционираат различните дистрибутивни канали;
- да советуваат за насоката, целта и севкупната ориентација на компанијата кон користење на повеќе дистрибутивни канали, преку земање предвид на сопствените производи/ услуги, клиентите и информациксите технологии.