Студиски програми

Менаџмент на ризик


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 380 Сметководство и ревизија 4+2 8,00
Предавачи
Александар Наумоски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот менаџмент на ризик е дизајниран да ги опфати начините на кои се врши квантификација и управување со различните извори на ризик во деловното работење на компаниите. Ова особено се однесува на доменот на финансискиот сектор, а посебен осврт е даден на нефинансиските компании. Со тоа предметот го опфаќа широкиот пристап за управување со ризиците во претпријатието односно “интегрираното управување со ризиците” – новиот менаџерски пристап во менаџментот со ризиците. Помеѓу насловите кои се покриени со материјата посебна тежина им се дава на пазарниот, кредитниот и оперативниот ризик.

Клучни зборови: ризик, аверзија на ризик, кредитен ризик, пазарен ризик, оперативен ризик, менаџмент на ризик

 

СОДРЖИНА

  • Концептот на ризикот
  • Ризик и аверзија кон ризик
  • Менаџмент на ризикот
  • Менаџмент на ризиците кај инвестиционите проекти
  • Менаџмент на финансиските ризици кај финансиските институции (пазарен ризик и кредитен ризик)
  • Менаџмент на нефинансиските (оперативните) ризици кај финансиските институции
  • Мерење на резултатите прилагодени на ризик
  • Менаџмент на ризикот кај нефинансиските корпорации.

 

ЛИТЕРАТУРА:

      Основна:

  • Д-р Методија Несторовски, Д-р Сашо Арсов, Д-р Александар Наумоски , Менаџмент на ризик, Економски факултет, 2014        

Дополнителна:

  • Michel Crouhy, Dan Galai, Robert Mark, The Essentials оf Risk Management, 1st ed., McGraw-Hill Companies Inc., New York, 2005
  • James Lam, Enterprise Risk Management: from incentives to control, John Wiley & Sons, Inc. Hoboken, New Jersey, 2003
  • Aswath Damodaran, Strategic Risk Taking: a framework for risk management, 1st edition, Wharton School Publishing, New Jersey, 2008
  • International standard ISO/DIS 31000, Risk management — Principles and guidelines on implementation, International Standardization Organization, 2009

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма по менаџмент на ризикот е да им овозможи на студентите да се стекнат со исклучителни познавања за ризикот како клучна компонента на современите бизниси. Неизвесното окружување во кое делуваат современите компании бара добро познавање на алатките за идентификација на ризикот и дизајнирање на процес на менаџмент со ризикот на начин што ќе и овозможи на компанијата максимизација на резултатите за даденото ниво на ризик или минимизација на ризикот за дадените приноси.

Поконкретно, по завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да знаат да ги идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик во деловното работење на компанијата (пазарен, кредитен, оперативен);
  • да дизајнираат процес на менаџмент на ризици;
  • да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот со ризици;
  • да го разберат значењето кое менаџментот со ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери
  • да постават линкот помеѓу корпоративното управување и управувањето со ризиците;
  • да научат како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок принос за нивото на превземениот ризик
  • извршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сценарио анализа, стрес тест и тн.)
  • да аплицираат интегрирано управување со ризици.