Надворешна трговија


Профилирањето на студентите за Департманот Надворешна трговија започнува во втора студиска година со изучување на теориските основи на меѓународната економија и основните дисциплини на современата економска наука за да се заокружи профилот во трета и четврта студиска година со кои на студентите им се овозможува стекнување на знаење во областа на надворешната трговија, меѓународните економски односи и современите текови на меѓународната економија за да можат соодветно да се вклучат на меѓународниот и домашниот пазар и да одговорат на нивните предизвици.

Живееме во услови на големи промени, во земјава и на меѓународен план, во услови на големи промени на силите на меѓународниот пазар. Од друга страна, принудени сме да учествуваме на меѓународниот пазар, бидејќи тоа е condition sine qua non, за наш опстанок и развој. Затоа се неопходни големи знаења за да може да се минимизираат штетите, а да се максимизираат користите од меѓународната економска соработка. Ако овој департман ги оспособи идните дипломирани студенти да се носат со сложените проблеми на таа соработка, може да се смета дека сме ја постигнале целта за која е основан овој департман.


Цели


Цел на студиската програма по НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на надворешната трговија и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

 

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 

Знаење и разбирање:

  • Демонстрира знаење и разбирање за правилата врз основа на кои функционира меѓународната економија и меѓународните трговски и финансиски институции.
  • Покажува знаење за предностите и слабостите на различни теоретски концепции преточени во економски мерки и инструменти за водење на надворешнотрговската политика на одделните земји.
  • Покажува знаење за специфичностите на инструментите на надворешнотрговскиот и девизниот систем и основите на политиката на девизниот курс со цел да ги препознава и анализира ефектите што овие инструменти ги имаат врз надворешнотрговската размена и билансот на плаќањата.
  • Демонстрира знаење и разбирање за актуелните аспекти и процеси на регионално интегрирање во светот, особено во Европа, и нивното влијание врз современите бизнис практики.
  • Демонстрира знаење за водење на самостоен бизнис во современото меѓународно окружување.

 

            Примена на знаењето и разбирањето:

  • Применува аналитичко-критичка апаратура за согледување на предностите и слабостите на различните теоретски концепции.
  • Успешно ги интерпретира случувањата во меѓународната економија и ги толкува политиките и дејствувањето на меѓународните трговски и финансиски институции.
  • Професионално ги користи инструментите на мултилатералниот трговски систем во насока на поддршка на надворешнотрговската и девизната политика.
  • Ги применува знаењата за досега реализираните ефекти од процесите на регионално интегрирање за успешно вклопување на Република Македонија во ЦЕФТА-2006 и во Европската унија.
  • Успешно се вклучува во спроведување на современите бизнис практики.

            Способност за проценка:

  • Покажува способност за критична анализа за предложените решенија и преземните мерки од страна на големите меѓународни организации и институции поврзани со регулацијата на меѓународните економски односи.
  • Покажува способност за прибирање, анализирање, оценка и презентирање на информации за поважните аспекти на избраната надворешнотрговска политика на одделни национални економии.
  • Демонстрира способност за вешто комбинирање на инструментите на надворешнотрговскиот и девизниот систем.
  • Покажува способност за преземање идни чекори во насока на приближување и хармонизација на нашата земја во евроинтеграциските процеси.
  • Покажува способност за препознавање на можностите за развој на успешен бизнис во современата меѓународна економија.

 

            Комуникациски вештини:

  • Поседува способност за професионална комуникација со професионалци од областа.
  • Покажува способност да функционира ефикасно како дел од професионален тим.
  • Покажува способност за независно учество во научни и професионални дискусии, како и учество во научно-истражувачки проекти.
  • Поседува способност за критичка анализа на окружувањето и за предлагање мерки за надминување на конкретни проблеми со кои се соочуваат бизнисите во современата меѓународната економија.
  • Поседува способност за приспособување кон правилата на функционирање на современиот бизнис.

 

            Вештини на учење:

  • Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување содржини од областа на меѓународната економија.
  • Покажува интерес за активно учество во различни дополнителни форми и видови учење.
  • Демонстрира способност за правилно организирање и користење на времето.
  • Демонстрира способност за критичка анализа и генерирање на идеи во насока на решавање проблеми од секојдневната практика.
  • Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на повисоки образовни нивоа.

Понатамошни студии


Последипломски и докторски студии
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 110 Основи на економијата 6+0 8,00 Таки Фити; Владимир Филиповски; Предраг Трпески
ACC 110 Основи на сметководството 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска; Љубиша Јаневски
MST 110 Математика за економисти 4+2 8,00 Гордана Билбиловска; Игор Ивановски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MST 120 Статистика за бизнис и економија 4+2 8,00 Драган Тевдовски
MGT 110 Економика на претпријатие 6+0 8,00 Кирил Постолов; Стојан Дебарлиев

Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
INT 110 Трговско право 4+2 8,00 Горан Коевски
INT 220 Меѓународни организации и интеграции 4+2 8,00 Елена Макревска Дисоска

Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
INT 210 Меѓународна економија 6+0 8,00 Ирена Кикеркова
MST 210 Економска статистика 4+2 8,00 Гордана Билбиловска

Семестар   5
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
INT 340 Надворешна трговија 6+0 8,00 Ирена Кикеркова
INT 310 Европски економски интеграции 6+0 8,00 Љубица Костовска

Семестар   6
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
FIN 230 Јавни финансии 4+2 8,00 Михаил Петковски
INT 320 Единствен пазар на ЕУ 6+0 8,00 Елена Макревска Дисоска
INT 330 Мултилатерален трговски систем 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска

Семестар   7
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
FIN 310 Меѓународни финансии 4+2 8,00 Михаил Петковски
MKT 420 Меѓународен маркетинг 6+0 8,00 Татјана Мирчевска-Петковска
INT 410 Меѓународни трговски трансакции 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска
INT 430 Фискален и монетарен систем на ЕУ 4+2 8,00 Ѓорѓи Гоцков

Семестар   8
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
INT 420 Мултилатерална трговска регулатива 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 210 Основи на дигиталната економија 4+2 8,00 Калина Треневска Благоева
MGT 220 Финансиски менаџмент 6+0 8,00 Сашо Арсов
MKT 210 Основи на маркетинг 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MGT 210 Основи на менаџмент 6+0 8,00 Леонид Наков
ECN 220 Микроекономија 6+0 8,00 Даниела Мамучевска
ECN 340 Регионална економија 6+0 8,00 Наталија Николовска
ECN 320 Економски развој 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 310 Економија на инвестиции 6+0 8,00 Методија Несторовски
ECN 420 Економија на јавниот сектор 6+0 8,00 Љубомир Кекеновски
ECN 360 Аграрна политика 4+0 8,00 Сашо Ќосев
MGT 350 Производен менаџмент 4+2 8,00 Кирил Постолов
MGT 120 Деловна етика 4+2 8,00 Леонид Наков
FIN 410 Банкарски менаџмент 4+2 8,00 Горан Петревски
MKT 310 Маркетинг менаџмент 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MGT 310 Стратегиски менаџмент 6+0 8,00 Љубомир Дракулевски
MKT 220 Однесување на потрошувачите 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
FIN 210 Финансиски пазари и институции 4+2 8,00 Михаил Петковски
ACC 420 Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации 4+2 8,00 Зоран Миновски
ECN 230 Политика на социјален развој 6+0 8,00 Ристо Христов
ECN 380 Индустриска политика 6+0 8,00 Љубомир Кекеновски
ECN 440 Економетрија 6+0 8,00 Весна Буцевска
ECN 390 Општествено богатство и национални сметки 4+2 8,00 Билјана Ташевска
MKT 320 Промоција 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MGT 420 Теорија на организација 6+0 8,00 Кирил Постолов
MGT 430 Деловно комуницирање 4+2 8,00 Благоја Ѓорѓијовски
MGT 410 Наука за менаџментот 6+0 8,00 Благородна Тодосиоска
MKT 340 Управување со производот 4+2 8,00 Ежени Брзовска
MGT 320 Менаџмент информациони системи 6+0 8,00 Никола Левков
MST 230 Анализа на временски серии 4+2 8,00 Марија Трпкова - Несторовска
MST 240 Демографија 4+2 8,00 Марија Трпкова - Несторовска
MKT 440 Директен маркетинг 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
ACC 330 Корпоративно финансиско известување 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ECN 210 Макроекономија 6+0 8,00 Трајко Славески
MKT 250 Методи на продажба 4+2 8,00 Димитар Јовевски
EBU 110 Основи на e-бизнис 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
ACC 460 Сметководство на јавен сектор 4+2 8,00 Зоран Миновски
ACC 210 Финансиско сметководство 4+2 8,00 Љубиша Јаневски
EBU 310 Организација на податоци во претпријатие 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
EBU 410 ЕРП системи 4+2 8,00 Калина Треневска Благоева
EBU 420 Е-менаџмент на односи со потрошувачите 4+2 8,00 Лидија Пулевска
EBU 350 Е-бизнис-дистрибутивни канали 4+2 8,00 Лидија Пулевска
MST 320 Квантитативни методи во финансии 4+2 8,00 Драган Тевдовски
FIN 330 Лични финансии 4+2 8,00 Кирил Јовановски
MST 321 Статистичка контрола на квалитет 4+2 8,00 Весна Буцевска
EBU 340 Менаџмент на е-бизнис 4+2 8,00 Вера Наумовска
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
FIN 220 Монетарна економија 4+2 8,00 Горан Петревски
EBU 220 Интернет маркетинг 2+4 8,00 Димитар Јовевски
MKT 410 Маркетинг истражување 4+2 8,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска
MGT 370 Проектен менаџмент 6+0 8,00 Сашо Арсов
ECN 130 Социологија 6+0 8,00 Ристо Христов
ECN 350 Развој на економската мисла 6+0 8,00 Борче Треновски
ECN 240 Применета економија 6+0 8,00 Пеце Недановски
ECN 260 Економија на работната сила 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 391 Политика на технолошки развој 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 370 Девизна политика 6+0 8,00 Наталија Николовска
MGT 240 Менаџмент на човечки ресурси 4+2 8,00 Љупчо Ефтимов
MGT 260 Теорија на одлучување 4+2 8,00 Благоја Ѓорѓијовски
ACC 440 Анализа на финансиски извештаи 4+2 8,00 Зоран Миновски
MGT 360 Меѓународен менаџмент 4+2 8,00 Љубомир Дракулевски
MGT 330 Деловно планирање 6+0 8,00 Стојан Дебарлиев
MKT 230 Економика на внатрешна трговија 4+2 8,00 Ежени Брзовска
MKT 240 Маркетинг на трговски претпријатија 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT 350 Маркетинг на услужни дејности 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MKT 430 Стратегиски маркетинг 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MST 235 Математички методи 4+2 8,00 Вера Наумовска
EBU 230 Информациони технологии 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
MGT 130 Организациско однесување 4+2 8,00 Љубомир Дракулевски; Александра Јанеска-Илиев
ACC 320 Ревизија 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 340 Сметководствени информациони системи 4+2 8,00 Љубиша Јаневски
ACC 430 Интерна ревизија 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
FIN 320 Банкарство 4+2 8,00 Ѓорѓи Гоцков
MST 310 Осигурување 4+2 8,00 Игор Ивановски
MGT 230 Менаџмент на мал бизнис 6+0 8,00 Александра Јанеска-Илиев
MGT 450 Претприемништво 4+0 8,00 Таки Фити
ECN 330 Економско планирање 6+0 8,00 Сашо Ќосев
ECN 410 Државна регулација 6+0 8,00 Трајко Славески
FIN 420 Хартии од вредност и портфолио менаџмент 4+2 8,00 Владимир Филиповски
MKT 330 Маркетинг политика на цени 4+2 8,00 Даниела Мамучевска
ECN 120 Еколошки менаџмент 6+0 8,00 Пеце Недановски
ECN 430 Економски системи и глобализација 6+0 8,00 Љубица Костовска
MGT 250 Корпоративно управување 4+0 8,00 Љубомир Дракулевски
ACC 410 Меѓународно финансиско известување 4+2 8,00 Зоран Миновски
MKT 450 Односи со јавноста 4+2 8,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска
MGT 460 Менаџмент на перформанси 4+2 8,00 Љупчо Ефтимов
ACC 450 Сметководство на банки и други финансиски институции 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ACC 220 Сметководство на трошоци 4+2 8,00 Марина Трпеска
ACC 230 Сметководствени контролни системи 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ACC 470 Стратегиско сметководство на менаџментот 4+2 8,00 Зоран Миновски
ECN 250 Управување со системи 6+0 8,00 Предраг Трпески
ACC 310 Управувачко сметководство 4+2 8,00 Марина Трпеска
MST 430 Финансиска математика 4+2 8,00 Игор Ивановски
EBU 330 Планирање и развој на веб 4+2 8,00 Мартин Михајлов
EBU 320 Бизнис логистика 4+2 8,00 Лидија Пулевска
EBU 360 Е-бизнис иновации 4+2 8,00 Мијалче Санта
EBU 440 Е-бизнис апликации во виртуелно окружување 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
MGT 470 Меѓународен финансиски менаџмент 4+2 8,00 Сашо Арсов
MGT 440 Менаџмент на промени 4+2 8,00 Леонид Наков
FIN 340 Небанкарски финансиски институции 4+2 8,00 Елена Наумовска
MGT 340 Инвестиционен менаџмент 6+0 8,00 Методија Несторовски
MGT 380 Менаџмент на ризик 4+2 8,00 Александар Наумоски
FIN 430 Локални финансии 4+2 8,00 Сузана Макрешанска Младеновска
EBU 430 Системска анализа на е-бизнис 4+2 8,00 Мијалче Санта