Студиски програми

Девизна политика


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 370 Надворешна трговија 6+0 8,00
Предавачи
Наталија Николовска

Опис

Девизните курсеви стануваат носечки сегменти на економскиот живот. Тие всушност стекнуваат статус на водечки цени во глобалниот економски систем. Времето кога девизните курсеви едноставно можеа да бидат заобиколени од страна на носителите на економската политика помина и непостојат перспективи таквата состојба да се измени. Всушност значењето и проблематиката на девизните курсеви го доби во рамките на интернационализацијата на современиот бизнис, континуираниот раст на светската трговија, намалување на значењето на националните економии, тенденциите кон економските интеграции (ЕУ) и значајните промени во трансферите на парите. Девизните курсеви не се обична варијабла во макроекономскиот систем, туку суштински инструмент кои ги детерминира економските перспективи. Всушност девизната политика станува одлучувачки елемент кој што ја трасира судбината на економски губитник или добитник во играта на светскиот пазар. Нивната непредвидлива динамика за час може да ги претвори профитабилните зделки (економии) во катастрофални загубари. Токму затоа политиката на девизните курсеви станува проблематика која што не само што го проширува хоризонтот на економското познавање на современите процеси туку е сине љуа нон на процесот на економското одлучување на сите нивоа на општествениот живот. Токму во контекс на предметот се опфатени содржините кои што го разјаснуваат функционирањето на девизната политика во многубројни аспекти: девизен курс, девизен пазар, девизни операции, платниот биланс, девизни режими, правци на еволуција на девизните системи…

Содржина

  • Дилеми на современта девизна политикa
  • Вовед
  • Девизен курс
  • Платниот биланс и девизните курсеви
  • Девизен пазар
  • Системи на девизни курсеви

Литература

  • R. Maacdonald : Exchange Rates: Theory and Evidence, Unwin Hyman, London, 1988
  • L. Coppeland : Exchange Rates and International Finance, Addison Wesley, Бостон, 1998

Цели

  • за девизните режими се составен дел на девизната политика преку кој таа се операционализира во рамките на единствениот меѓународен монетарен систем. Познавањето на различни девизни режими и нивните конкретни консеквенции претставува клуч за разбирањето на современите развојни трендови;
  • за девизните операции се составен дел на девизното работење затоа студентот треба да се запознае со основните типови операции: промтното, терминско работење, арбитражните текови;
  • бидејки девизниот курс најнепосредна рефлексија во отворена економија има врз платниот биланс неопходно е да се согледаат модалитетите на таквото влијание и начините на прилагодувањето.
  • современата девизна политика е врзана со многубројните контраверзии на светските финансиски пазари, во развојните политики на транзиционите економии, во валутната конкурентност на различни економии. Таа нуди различни перспективи за интеграција
  • за девизниот курс, промените на големината на девизните курсеви, теориите кои што ја објаснуваат висината на девизните курсеви;
  • за девизната политика и нејзиното растечко значење во регулирањето на тековите во современиот глобален економски систем;
  • дезинтеграција на светот. Познавањето на импактот на девизната политика на глобалната економија е неопходна предпоставка во формирањето на профилот на економистот во современото глобално окружување
  • за девизниот пазар, неговите функции, субјектите на работењето како и видовите трансакции што се случуваат на него;