Студиски програми

Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 420 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Зоран Миновски

Опис

Наставата по предметот ќе им помогне на студентите да се здобијат со знаења во врска со значењето, улогата и организацијата на сметководствениот систем во јавниот сектор. Во тие рамки посебно внимание заслужува приодот во државното финансиско известување, принципите и основите на државното сметководство, содржината на буџетското и фондовското сметководство, детерминирањето на трошоците во државните и непрофитни ентитети, сметководството на непрофитни организации, ревизијата во јавниот сектор, како и јавната одговорност и етика во поглед на примената на меѓународните сметководствени и ревизорски стандарди во јавниот сектор.

Содржина

  • Сметководство и известување за државни и непрофитни организации
  • Детерминирање на трошоците за државни и непрофитни организации
  • Државна ревизија
  • Фондовско сметководство
  • Буџет, буџетско сметководство и известување
  • Државно и непрофитно сметководство
  • Принципи на државно сметководство и известување
  • Државно финансиско известување
  • Финансиски извештаи на државни и непрофитни организации
  • Сметководство на основни групи на постојани средства и долгорочни долгови

Литература

  • Hughes PhD Jesse, Миновски д-р Зоран: �A Plan For Implementation Of International Public Sector Accounting Standards In Developing Countries And Economies In Transition�, The International Consortium on Governmental Financial Management, Public Fund Digest, Volume IV, No. 1, Vashington, February, 2004
  • Granof H. Michael: Government and Not-for-Profit Accounting-Concepts and Practices, John Wiley & Sons, Inc., New York, 2001
  • Wilson R. Earl, Kattelus C. Susan: Accounting for Governmental and Nonprofit Entities, McGraw-Hill, Irwin, Boston, 2004
  • Freeman R.J., Shoulders C.D.: Governmental and Nonprofit Accounting, Theory and Practice, Prentice Hall, New Jersey, 2000
  • Миновски, Зоран: Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004

Цели

  • Подготвуваат квалитетни евиденции на сметководство во државни и непрофитни организации
  • Можат да ги применат меѓународните сметководствени и ревизорски стандарди за јавен сектор и кодексот на етика
  • Обезбедат информации за буџетското и фондовското сметководство
  • Развијат аналитичка способност за државно финансиско известување
  • Изготвуваат финансиски извештаи на државни и непрофитни ентитети