Студиски програми

Единствен пазар на ЕУ


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
INT 320 Надворешна трговија 6 6+0 8,00
Предавачи
Елена Макревска Дисоска

Опис

 

Предметот “Единствен пазар на ЕУ” има за задача јасно да го разграничи функционирањето на Заедничката надворешнотрговска политика на ЕУ како стожер на царинската унија од четирите економски слободи: слободното движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила како стожер на Единствениот пазар на ЕУ. Секоја од четирите слободи е заснована на одделна правна регулатива која проникнала врз основа на решените случаи од практика на Европскиот суд за правда. Со оглед на нивната специфичност и засебноста на правните извори, секоја од одделните законски рамки врз кои се заснова слободното движење на стоки, услуги, капитал и на работна сила се разгледува одделно, за на крај да се стекне вистинска слика за сложеноста на системот и на неговите носители во рамките на Европската Унија.


Содржина

  1. Внатрешниот пазар и економската интеграција во Унијата
  2. Слободно движење на стоки
  3. 2.1.  Забрана за царини и мерки со подеднаков ефект
  4. 2.2.  Дискриминаторски даноци
  5. 2.3.   Забрана за квантитативни ограничувања и мерки со подеднаков ефект
  6. 2.3.1.      Идентификација на мерките со подеднаков ефект и дозволени отстапувања
  7. 2.3.2.        Неразложно применливи мерки
  8. Слободно движење на работници и лица
  9. 3.1.  Работници и нивни права
  10. 3.2.   Дозволени отстапувања
  11. 3.3.   Европско граѓанство
  12. 3.4.   Движење на лица од трети држави на подрачјето на слобода, безбедност и правда
  13. Слобода на основање и слободно движење на услуги
  14. Слободно движење на капитал и економска и монетарна унија
  15. Вовед во правото на конкуренција
  16. Хармонизација
  17. Практична задача на решавање на случај

Литература

  1. S. Weatherill, Cases and Materials on EU Law, 7th ed., Oxford University Press, 2006
  2. S. Georgievski, Pravoto na vnatre{niot pazar na EU, hrestomatski u~ebnik (vo podgotovka)
  3. P. Craig - G. de Burca, EU Law: Texts, Cases and Materials, 4th ed, Oxford University Press, 2007

Цели

  • Да прават јасна дистинкција на карактеристиките и на функционирањето на царинската унија од оние на Заедничкиот пазар на ЕУ;
  • Да ја разберат неопходноста од елиминирање на сите квалитативни, кванититативни и останати мерки со еквивалентен ефект, од една страна, и на меѓусебно признавање на техничките стандарди, од друга страна, за обезбедување на слободно движење на стоките во ЕУ;
  • Да ја разберат специфичноста на сферата на услугите, можноста од примена на принципот на недискриминација и потребата од  исклучоци од општите правила за зачувување на интегритетот и спецификите на услугите од јавен национален интерес со едновремено обезбедување на целосно функционирање на правилата на Единствениот пазар на ЕУ;
  • Да ја разберат потребата од усогласување на даночната и на финансиската сфера како предуслов за слободно движење на капиталот во ЕУ;
  • Да прават разлика меѓу слободното движење на работна сила и слободното движење на физички лица на Единствениот пазар на ЕУ.