Студиски програми

Економетрија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 440 Надворешна трговија 6+0 8,00
Предавачи
Весна Буцевска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Преку наставата по предметот се врши утврдување на квантитативните зависности на променливите во дадена економска релација, испитување на валидноста на поставките на економската теорија и предвидување на движењето на економските големини врз основа на утврдените квантитативни врски. Наставата по предметот се фокусира на развивање на методи и квантитативни средства кои се потребни за правилно разбирање и користење на регресионата анализа со најмали квадрати, со оглед на тоа што таа се применува во многу предмети кои вклучуваат економско и бизнис моделирање и тестирање на хипотези. Како вовед во предметот, акцентот ќе биде ставен на развој на интуитивно разбирање преку работење со примери и апликации.

Клучни зборови: регресија, моделирање, мултиколинерност, хетероскедастичност и автокорелација

 

СОДРЖИНА

ГЛАВА 1 - ВОВЕД ВО ЕКОНОМЕТРИЈА

ГЛАВА 2 – ОСНОВНИ КОНЦЕПТИ НА ЕКОНОМЕТРИСКИОТ СОФТВЕРСКИ  ПАКЕТ EVIEWS 6

ГЛАВА 3 - РЕГРЕСИОНА АНАЛИЗА

ГЛАВА 4 - ПРОСТ КЛАСИЧЕН ЛИНЕАРЕН РЕГРЕСИОНЕН МОДЕЛ

ГЛАВА 5 – ПРОСТИ НЕЛИНЕАРНИ ЗАВИСНОСТИ

ГЛАВА 6 - ПОВЕЌЕКРАТНА РЕГРЕСИОНА АНАЛИЗА

ГЛАВА 7 - ПОВЕЌЕКРАТНА РЕГРЕСИОНА АНАЛИЗА: ЗАКЛУЧУВАЊЕ

ГЛАВА 8 - РЕГРЕСИЈА ВО ОДНОС НА ВЕШТАЧКИТЕ ПРОМЕНЛИВИ

ГЛАВА 9 – МУЛТИКОЛИНЕАРНОСТ

ГЛАВА 10 - ХЕТЕРОСКЕДАСТИЧНОСТ

ГЛАВА 11 – АВТОКОРЕЛАЦИЈА

ГЛАВА 12 - СПЕЦИФИКАЦИЈА И ИЗБОР НА МОДЕЛОТ

ГЛАВА 13 - СИСТЕМИ НА СИМУЛТАНИ РАВЕНКИ

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Буцевска, В., Економетрија со примена на EViews, Економски факултет, Скопје 2009 година.
  2. Буцевска, В., Збирка задачи по економетрија, Економски факултет, Скопје 2003 година.  

Дополнителна:

  1. Gujarati, D. N. Basic Econometrics w/Data Disk,  4th edition McGraw and Hill, 2009
  2. Greene, W.H. Econometric Analysis, 6th edition Prentice Hall , 2007
  3. Maddala, G.S. Introduction to Econometrics, 4th edition, Wiley, 2009
  4. Studenmund A.H.: Using Econometrics, A Practical Approach, Prentice-Hall , 2010.

Софтвер за поддршка на наставата по програмата:EViews 6 for Windows.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ги познаваат работите кои произлегуваат од формулирањето, оценката и користењето на економетриските модели.
  • да ги конструираат податоци, формулираат економетиски модел и да ги оценат параметрите на тој модел
  • да го подложат моделот на верификација преку тестирање и да ги толкуваат резултатите во економетриска рамка
  • да го користат оценетиот модел за тестирање на економската теорија која лежи во основа на тој модел и
  • да ја предвидуваат идната економска активност врз база на оценетата квантитативна поврзаност.