Студиски програми

Економија на работната сила


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 260 Надворешна трговија 6+0 8,00
Предавачи
Гоце Петрески

Опис

Економијата на труд е подрачје што станува клучна компонента на јадрото на аналитичката економија. Ефикасноста на трудот како ресурс во поширока смисла директно ја детерминира продуктивноста и конкурентноста на одделните индустрии или на националните економии на меѓународните пазари. Невработеноста станува еден од централните економски и социјални проблеми на соврeмените економии. Курсот по економија на трудот е заснован на апликација на стандардната економска анализа. Економијата на труд е подрачје на економијата што ги изучува организацијата, функционирањето и резултатите на пазарот на трудот, одлуките на потенцијалните и сегашните учесници на пазарот на труд и јазните мерки што се однесуваат на вработеноста и плаќањето на ресурсите на труд.

Содржина

  • Државата и пазарот на работната сила
  • Население и економија на работната сила
  • Вработеноста и невработеноста
  • Теории на платите
  • Квалитетот на работната сила:инвестирањето во човечкиот капитал
  • Платите и алокацијата на работната сила
  • Теории на невработеноста
  • Дискриминацијата на пазарот на работната сила
  • Пазарот на работна сила
  • Синдикатите и пазарот на работнатата сила
  • Политики за решавање на невработеноста
  • Пазарот на работната сила во Република Македонијa
  • Националниот доход, продуктивноста и трудот на работната сила

Литература

  • George J. Borjas, Labor Economics, Mc Graw-Hill Companies, 2007, ISBN-13: 9780073402826
  • Cahuc, Pierre, and Andre Zilberberg. Labor Economics. Cambridge, Massachusetts and London: MIT Press, 2004. ISBN: 026203316X.
  • Ronald Ehrenberg and Robert Smith (ES), Modern Labor Economics: Theory and Public Policy, 9th ed., 2006.
  • Работни материјали, презентации, емпириски студии и студии на случаи
  • Економија на трудот, учебник во финална верзија за печатење

Цели

  • анализираат актуелната состојба на пазарот на рaботна сила во Република Македонија
  • разгледаат детерминантите на трудот, населението и алокацијата на времето;
  • совладаат концептите на инвестиции во човечки капитал;
  • разберат детерминантите на побарувачката за труд- кусорочна при различни пазарни структури (состојби на конкурентност);
  • овладаат доминантните концепти на фукнкционирањето на пазарот на труд- конкурентни структури, врамнотежување.
  • разберат импликациите од синдикалното организирање врз пазарот на труд и ефикасноста;
  • разберат детерминантите на понудата на труд, индивидуална, секторска и агрегатна;
  • разберат принципите на регулација на пазарот на труд, државата, законодавството и регулацијата;
  • усвoјат аналитичката рамка на економијата на трудот и одредниците како дисциплина, одделните пристапи и практичните економски и социјални импликации;
  • овладаат доминантните теоретски пристапи во објаснувањето на невработеноста.
  • совладаат концептуалните рамки на одделните пристапи и политики на вработеноста и политиките за решавање на проблемот на невработеноста; импликациите од одделните политики на кус и долг рок;
  • разберат агрегатните аспекти на побарувачката, платите и инфлацијата ;