Студиски програми

Економска статистика


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MST 210 Надворешна трговија 4 4+2 8,00
Предавачи
Гордана Билбиловска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Наставата по предметот економска статистика на студентите им пренесува научно фундирани и теоретско конзистентни знаења за суштината на статистичката теорија и методологија, која е составен дел на економската статистика. Применетите модели овозможуваат проучување на квантитативната страна на економските појави и процеси на ниво на целкупното стопанство, со кои се остварува објективност во заклучоците од актуелната состојба во стопанските и нестопанските дејности. Појавите и процесите се истражуваат во нивната меѓусебна поврзаност.

Клучни зборови: економска активност, индикатори, коефициенти, модели

 

СОДРЖИНА

  1. Вовед во економската статистика и статистичкиот начин на размислување
  2. Статистички систем и квалитетот на статистичките  податоци
  3. Популациона статистика и статистика на работната сила
  4. Анализа на производството и агрегати на производството во системот на националните сметки
  5. Статистика на цени
  6.  Анализа на продуктивноста на трудот
  7. Статистика на животниот стандард
  8. Статистика на коњуктурата и прогнози на економскиот развој

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Билбиловска, Гордана: Економска статистика, Економски факултет, Скопје, 2006.
  • Билбиловска, Гордана: Економска статистика - збирка задачи, Економски факултет, Скопје, 1999.
  • Ристески, Славе, Секуловска-Габер, Билјана, Економска статистика: моделирање и анализа на статистичките податоци, Економски факултет, Скопје, 2004

         

Дополнителна:

  • Младеновиќ Драгослав, Џолевиќ Владислав и Шошкиќ Дејан, Економска статистика, Економски факултет, Београд, 2011 и најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметот Економска статистика е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на eкономска статистика и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми и проверувајќи ја адекватноста на теоретските претпоставки.  

По завршувањето на наставата, со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за процесот на производството, состојбата на производните сили (трудот- во лицето на населението и работната сила и капиталот - во лицето на капацитетите), продукционите односи, т.е. распределбата на општествениот бруто производ и потрошувачката, како и степенот на економската развиеност – мерен преку продуктивноста на трудот, цените и животниот стандард. Посебно внимание им е посветено на макроекономските модели и системот на националните сметки, како и на показателите на коњуктурата на финансиските пазари, како водечки индикатори во креирањето на економската политика на земјите. При тоа, студентите треба да бидат способни:

  1. Да ја постават врската помеѓу економската теорија и економската анализа;
  2. Да ги аплицираат статистичките методи во економските истражувања;
  3. Да вршат математичка проверка на економските (теоретски) поставки;
  4. Да ги користат статистичките бази на податоци (било домашни или странски, публикувани или презентирани преку интернет) согласно на нивните потреби за истражувања.