Студиски програми

Економски системи и глобализација


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 430 Надворешна трговија 6+0 8,00
Предавачи
Љубица Костовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметната програма на дисциплината Економски системи и глобализација ги дава фундаменталните основи на современиот економски систем компарирајќи ги доминирачките фирми на капиталистичките економски системи. Со оглед на доминантаната позиција на неолиберализмот се зацврстува пазарниот механизамна функционирање како фундаментална карактеристика на современиот економски системи оттука носечки дел на предметот е компарацијата меѓу појавните форми на капиталистичкиот економски систем (американски пазарен, еврокапитализам, источно азиски тип на капитализам).Во тој контекст се фрла светло на растежот и падот на социјализмот и градењето на пазарна економија како и на трансформацијата на економските  системи на земјите во развој. Со оглед на глобалните промени во современта светска економија во третиот дел се врши анализа на глобализацијата како процес, носителите на глобализацијата и неизиното влијание врзфункционирањето и  обликувањето на современите економски системи. На крајот се опфаќаат противречностите и проблемите што приоизлегуваат од глобализацијата со консеквенци врз функционирањето на националните држави, нивниот суверенитет и трансформирање на економските системи.

Клучни зборови: економски систем, пазарана економија, реформа, трансформација, транзиција, глобализација;

 

СОДРЖИНА

  1. Економски систем-(теоретско-методолошки пристап)
  2. Современиот економски систем- состојби и перспективи

-пазарниот механизам и капитализмот,

-растежот и падот на социјализмот,

-земјите во развој и современиот економски систем,

      III.  Евалуација на економските системи во современата пракса

     IV.  Глобализацијата на современта светска економија

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Акад. Никола Узунов и Љубица Костовска, Современиот економски систем,УКИМ, 2001.

          

Дополнителна:

  • Schnitzer Martin: Comparative economic systems, USA,2000
  • Jhohn Ravenhill:  Global political economy, Oxford, 2005
  • Gregory Paul,Stuart Robert: Comparative economic systems in the tventifirst  century, Seventh Edition, New York,2004

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА                                                                      

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  1. Да ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на современите економски системи;
  2. Да владеат со аналитичката апаратура за евалуација на економските системи и успешноста на остварување на главните цели на истите;
  3. Да владеат со соврмената методологија за избор на оптимален економски систем;
  4. Да ги мерат предностите и недостатоцијте од влијанието на глобализација врз економските системи.