Студиски програми

Меѓународни финансии


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
FIN 310 Надворешна трговија 7 4+2 8,00
Предавачи
Михаил Петковски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Меѓународните финансии претставуваат научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува економијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соодветни знаења од меѓународните финансии.

Темите кои ги обработува овој предмет -проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, деловната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции, итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци. Знаењата од овој предмет претставуваат основа за оние студенти кои очекуваат да најдат работни места поврзани за меѓународните инвестиции, меѓународното банкарство и мултинационалните деловни активности.

Клучни зборови: Девизен курс, биланс на плаќање, меѓународен монетарен систем, оптимални валутни подрачја.

 

СОДРЖИНА

1. ДЕВИЗЕН ПАЗАР

2. БИЛАНС НА ПЛАЌАЊА

3. МЕЃУНАРОДНИ МОНЕТАРНИ АРАНЖМАНИ

4. ДЕТЕРМИНАНТИ НА БИЛАНСОТ НА ПЛАЌАЊАТА

5. ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ

6. УВОЗНО И ИЗВОЗНО ФИНАНСИРАЊЕ

7. МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

8. МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ И ИНТЕГРАЦИИ

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

1. Paul De Grauwe,”International Money”, Oxford, 1998.

2. Paul Krugman/Maurice Obstfeld, “International Economics: (Theory and Policy)” Addison – Wesley, New York, 2000. (превод на македонски).

Дополнителна:

  • најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Студирањето на овој предмет треба ги оспособи студентите да:

1. Го разберат начинот на кој функционира девизниот пазар, на кои начини доаѓа до формирање на девизните курсеви и да ги запознаат основните техники со помош на кои учесниците на пазарот остваруваат профит.

2. Ги запознаат главните компоненти на билансот на плаќањата и факторите кои влијаат на платнобилансните движења. Треба да се има предвид дека насекаде во светот бизнисмените и владите посветуваат многу ресурси настојувајќи да ги предвидат платнобилансните движења и движењата на девизните курсеви.

3. Разберат зошто девизните курсеви флуктуираат, зошто е тешко да се предвидат движењата на курсевите и на кој начин може да се обезбеди заштита од курсниот ризик.

4. Ги разберат главните мотиви за увоз на капиталот и разликите помеѓу различните форми на тој увоз, какви што се кредитните и некредитните приливи, директните и портфолио инвестициите, итн.

5. Ги запознаат начините на функционирање и однесување на клучните меѓународни финансиски институции (пред се на ММФ и на Светската банка)кон нивните клиенти.

6. Да се запознаат на кој начин се аранжира финансирањето на меѓународната трговија,имајќи го предвид фактот дека таа, дури повеќе од домашната трговија, се одвива на кредитна основа.