Студиски програми

Микроекономија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 220 Надворешна трговија 6+0 8,00
Предавачи
Даниела Мамучевска

Опис

Наставата од овој предмет е замислена како логично продолжување на микроекономските знаења, стекнати од предметот Основи на економијата, а преку збогатување на веќе совладаниот категоријален пристап со аналитичките и временските аспекти на микроекономската проблематика. Со оглед на ваквата замисла предметот се експонира како Микроекономија - второ ниво. Во него се проучуваат два основни проблема - рамнотежата т.е. начинот на формирање на цените на поединечните стоки во различни пазарни состојби преку анализа на понудата и побарувачката и оптимумот т.е. однесувањето на потрошувачите и производителите во извесни и неизвесни состојби преку маргиналната анализа.

 

Содржина

 

  • Однесувањето на фирмата во различни пазарни состојби
  • Воведни разгледувања
  • Однесување на портошувачот и побарувачката
  • Пазарна (парцијана) рамнотежа
  • Пазар на фактори на прозводство
  • Микроекономска политикa
  • Пазарни неуспеси
  • Економика на благосостојба
  • Општа рамнотежа
  • Однесувањето на фирмата и понудата

 

Литература

 

 
  • Олга Градишка-Теменугова: Теорија и политика на цените (микроекономкса теорија, анализа, апликација), универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2000
  • Хал Р. Варијан: Микроекономија – средно ниво, современ пристап ( превод на македонски јазик), Табернакул, 2010
  • Edgar K. Browning and  Mark Zupan:  Microeconomics – Theory and Applications, 11th edition, J.Wiley & Sons, Inc., 2012
  • David  Besanko and Ronald  Braeutigam: Microeconomics, 4th edition, J.Wiley & Sons, Inc., 2011
  • Walter Nicholson: Microeconomic theory – Basic principles and Extension. 9th edition, Thomson, 2005

 

Цели

 

  • пазарните законитости, отстапувањата од тие законитости, пазарните предености и пазарните дефекти;
  • неопходната микроекономска терминологија
  • микроекономската теорија, анализа и апликација;
  • методологијата на прогнозирање на ефектите од спонтаните пазарни движења, односно од превземените мерки на економската политика;
  • методологијата на дијагностицирање на реалните пазарни случувања и тенденциите на тие случувања;