Студиски програми

Мултилатерална трговска регулатива


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
INT 420 Надворешна трговија 8 6+0 8,00
Предавачи
Катерина Тошевска – Трпчевска

Опис

Овој курс ќе ги изучува правните и институционалните аспекти поврзани со меѓународната трговија на производи и услуги. Студентите ќе се запознаат со Општата спогодба за царини и трговија - ГАТТ, кој е претходник на Светската трговска организација; историски осврт на главните рунди на трговски преговори во рамките на ГАТТ; создавањето на Светската трговска организација - СТО; статусот, надлежностите и организациската структура на СТО; начинот на одлучување и решавање на споровите, како и конкретните правни правила за водење на меѓународната трговија на производи и услуги. Особено внимание ќе биде посветено на членството на Република Македонија во Светската трговска организација, како и правата и обврските кои произлегуваат за нашата држава од тоа членство.


Содржина

I - Светската Трговска Организација

1. Светската Трговска Организација

2. Изворите на правото и нивните толкувачки елементи

2.1 СТО: мешан систем

2.2 Поставување сцена за дискусија

II - Видови извори на правото на меѓународната трговија

  1. Извори на правото
  2. Акти усвоени од различни мешународни организации
  3. Одлуките на меѓународните судови
  4. Домашно право и практика
  5. Унилатерални декларации дадени од страна на членките на СТО
  6. Обичајно меѓународно право
  7. Општи принципи на правото
  8. Доктрина

III - Тарифи, квоти и други бариери за пристап кон пазарот

1. Увод

2. Тарифи и царински правила

3. Квоти

4. Државно- трговски корпорации

5. Технички бариери на трговијата

6. Санитарни и фитосанитарни мерки

7. Спогодби за секторски пристап кон пазарот

IV - Субвенции и компензирачки/неутрализирачки давачки

1. Не субвенционирај

2. Субвенцијата во смисла на одредбите на Спогодбата за субвенции и компензирачки/неутрализирачки мерки

2.1 Финансиски придонес

2.2 Додадена вредност

2.3 Примателот: конкретен (и случаен)

2.4. Методи за пресметување на користа

2.5 Класификација на субвенциите

V - Антидампинг

1. Што е антидампинг?

2. Регулирање на антидампинг давачките

3. Кривични дела и правни лекови практикувани од приватни лица во САД

4. Заклучоци

VI - Технички бариери на трговијата: Технички бариери на трговијата и санитарни и фитосанитарни мерки

1. Улогата на СТБТ и ССФСМ

2. Правниот однос меѓу ГАТТ, СТБТ и ССФСМ

3. Технички бариери на трговијата       

4. Санитарни и фитосанитарни мерки

4.1 Широчина

4.2 Меѓународни стандарди

VII - Земјоделството

1. Тргувањето со земјоделски производи во ерата на ГАТТ

2. Уругвајската рудна носи промени

3. Резимирање на Спогодбата за земјоделство на СТО

4. Ограничување на домашните субвенции

5. Обврска за извозни субвенции

VIII - Трговија со услуги

1. Настанување на ГАТС

2. Однос меѓу ГАТТ и ГАТС

3. Широчина на ГАТС: либерализација на трговијата со услуги

4. Неретроактивно дејство на обврските што произлегуваат од ГАТС

5. Општи обврски

IX - Интелектуална сопственост

1. Увод

2. Видови на права од ИС предвидени со ТРИПС

3. Преглед на ТРИПС

4. Институционални одредби

5. Одредби кои се однесуваат на земјите во развој

6. Критики на јавната политика

7. Општи принципи на ТРИПС

8. Минимални суштински стандарди

X - Решавање на спорови

1. Увод

2. Решавање спорови според ГАТТ

3. Решавање на спорови во СТО

4. Трговска реторзија според националните правни системи

XI - Трговијата и нејзиниот однос со инвестициите и политиката на конкуренција

1. Трговијата и инвестициите

1.1 Трговијата и инвестирањето во СТО: од скромните почетни чекори, до високите очекувања и назад

1.2 ТРИМ

1.3 Заклучоци

2. Политиката на конкуренција и трговијата

2.1 СТО и политиката на конкуренција

2.2 Одредбите за политиката на конкуренција во спогодбите на СТО

XII - Земји во развој

1. Светот во развој

2. Малку историја

3. Член XX (x) од ГАТТ

4. Член XVIII од  ГАТТ

5. Дел IV од ГАТТ

6. Генералниот систем на преференции

7. Глобалниот систем на трговски преференции

8. Одредбите за спрецијален и диференцијален третман на земјите во развој на Уругвајската рунда

9. Трговски и економски развој

10. Трговијата и правото на развој

11. Зајакнување на пристапот кон пазарот

12. Нови иницијативи


Литература

Spisok na zadol`itelna litertura:

  1. Мацушита, М., Шонбаум, Т.Ц., Мавроидис, П.Ц., Светска трговска организација, превод на Владата, Просветно дело, Скопје, 2009 година

 

 

Spisok na dopolnitelna literatura:

  1. Understanding the WTO, WTO, 2007
  2. Predrag Bjelic, Svetska Trgovinska Organizacija, Prometej, Beograd, 2000
  3. проф. Д- р Весна Пендовска, Даночно право, Скопје 2001
  4. 4.      Nicholas Perdikis, Robert Read (ed.), The Wto and the Regulation of International Trade, Edward Elga Publishing, 2002
  1. Gunter S. Heiduk, Kar- yiu Wong (ed.) WTO and the World Trade, 2005

Цели

  • да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на Меѓународната трговска регулатива
  • да ги применуваат стекнатите знаења;;
  • да го разберат механизмот на функционирање на СTO
  • да се согледа компатибилноста на домашното трговско право со меѓународното трговско право
  • да ги сфатат обврските кои произлегуваат за Р. Македонија, како земја членка,на Светската трговска организација во однос на националното право