Студиски програми

Општествено богатство и национални сметки


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 390 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Билјана Ташевска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Наставата по овој предмет треба да им помогне на студентите да ја разберат и совладаат проблематиката на општественото богатство и на националните сметки. Во тој контекст посебно внимание се посветува на следниве прашања: теоретско-методолошки аспекти на општественото богатство, основните поими на националните сметки, системот на национални сметки на ОН, главните видови национални сметки, инпут-аутпут табелите и матриците на општествени сметки во системот на националните сметки, примена и перспектива на системот на национални сметки, системот на национални сметки во Република Македонија.

 

Клучни зборови: Општествено богатство, Национални сметки

 

СОДРЖИНА

  1. Теоретско-методолошки аспекти на општественото богатство
  2. Теоретски основи на системот на национални сметки
  3. Концептуални елементи на системот на национални сметки
  4. Состојби, текови и сметководствени правила
  5. Институционални единици и сектори
  6. Основни видови национални сметки
  7. Инпут-аутпут табели и меѓусекторска анализа
  8. Матрица на општествени сметки
  9. Сателитски сметки и други проширувања

 

ЛИТЕРАТУРА

            1. United Natoions, OECD, IMF, World Bank, EUROSTAT: System of National Accounts 2008, United Nations Publications, New York, 2009

            2. Пјер–Ричард Агенор и Питер Џ. Монтиел: Развој на макроекономијата, гл. 2 и 3 

3. OECD (2006): Understanding National Accounts, Paris, France

4. United Natoions, OECD, IMF, World Bank, EUROSTAT: System of National Accounts 2008, United Nations Publications, New York, 2009

5. United Nations: Use of Macro Accounts in Policy Analysis, Series F, no. 81, New York, USA, 2002

6. United Nations: Handbook of Input-Output Table Compilation and Analysis, Series F, no. 74, New York, USA, 1999

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

        Цел на предметната програма општествено богатство и национални сметки е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на општественото богатство и националните сметки и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на општественото богатство и националните сметки, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на општественото богатство и националните сметки
  • да ги применуваат стекнатите знаења;
  • да ги разберат теоретско-методолошките основи на концептот на општественото богатство;
  • да ги разберат и применат можностите за користење на системот на национални сметки при предвидувања, планирање, економска анализа и креирање на макроекономската политика во националната економија