Осигурување
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
MST 310
|
Надворешна трговија
|
4+2
|
8,00
|
Опис
Сфаќањето на логиката на осигурителните процеси е во најнепосредна врска со разбирањето на економската, правната и техничката основа на осигурувањето. Примената на осигурувањето и реосигурувањто во економијата и во другите области како една од многуте значајни научни дисциплини ја наметна потребата од нејзино познавање и проучување не само во доменот на правната наука. Имајќи предвид дека осигурувањето во основа е стопанска дејност, намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирање на значењето и суштината на економските, пред останатите елементи на осигурувањето како процес. Во таа насока, целта е поадекватно и аналитички да се обработат прашањата од областа на осигурувањето како микроекономска научна дисциплина и воедно како синтеза на голем број економски, правни и математички елементи.
Содржина
- Актуарски основи на осигурувањето на живот
- Средства на осигурувањето
- Соосигурување и реосигурување
- Видови на осигурувања
- Функции на осигурувањето
- Елементи и техничка организација на осигурувањето
- Поим и суштина на осигурувањето
Литература
- Александар Николовски, Драги Јанев: Осигурување со елементи на актуарска анализа, Скопје, 2008.
- Драги Јанев: Математички таблици за економисти, Економски факултет, Скопје, 2010.
- Емет Ј, Воган, Тереза М, Воган: Основи на ризикот и осигурувањето, Њујорк, 1999, John Wiley&Sons, Inc, 904 стр.
Цели
- Ги запознаат актуарските (техничките) основи на осигуру�вањето на живот.
- Ја разберат логиката на осигурителните процеси пред се од економски а воедно и од правен аспект,
- Ги осознаат теоретските и апликативните аспекти на осигу�ру�вањето, потребата од осигурување, превенцијата, репре�сијата, функциите на осигурувањето како и видовите на осигурување.
- Бидат способни да поставуваат актуарски модели за прес�ме�тување на еднократната и повеќекратната премија за рентните осигурувања и модели за пресметување на мате�матичките резервиза пооделните видови на животни осигу�рувања.