Студиски програми

Основи на дигиталната економија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 210 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Калина Треневска Благоева

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Во предметната дисциплина основи на дигиталната економија ќе биде образложена информациската економија, економиката на интернетот. Особено внимание ќе се посвети на создавање на вредност во дигиталната економијата и формирање цени на информацииte. Друг последователен дел е верзии на информации. Ќе се разгледува и менаџментот со права. Најмногу внимание ќе се посвети на менаџирање на заклученост, мрежни ефекти и позитивна повратна врска, како и на стратегиите во мрежни пазари. Ќе се анализираат и карактеристиките на производите кои се најсоодветни за тргување преку интернет, односно типовите на производи компатибилни со целосен е-продажба. Понатаму следува делот за можните правци и трендови на развој на е-бизнисот и е-влада: преглед и дефиниции, е-услуги за бизнисите и граѓаните, како и мерење на нивото на софистицираност. Ќе се разгледува и развој на концептот на е-влада во Република Македонија, како и политики на ЕУ и други земји за поддршка на информациското општество.

Клучни зборови: Интернет, информациски стоки, заклученост, мрежна економија

 

СОДРЖИНА

  1. Информациска економија
    1. Економика на интернет
    2. Создавање на вредност во дигиталната економијата
  2. Економика на информациски добра
    1. Формирање цени на информации
    2. Верзии на информации
    3. Менаџмент со права
    4. Менаџирање на заклученост
    5. Мрежни ефекти и позитивна повратна врска
    6. Стратегии во мрежни пазари
    7. Кооперација и компатобилност
  3. Трансформација на бизнисот преку интернет
    1. E-tailing наспроти е-нарачување
    2. Карактеристиките на производите кои се најсоодветни за тргување преку интернет
    3. Типови на производи компатибилни со целосен е-tailing
    4. Можни правци и трендови на развој на е-бизнисот
  4. Е-влада
    1. Е-влада: преглед и дефиниции
    2. Е-услуги за бизнисите и граѓаните
    3. Развој на концептот на е-влада во Република Македонија        
    4. Анализа и обработка на истакнати примери
  5. Политики на ЕУ и други земји за поддршка на информациското општество

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

  • Carl Shapiro, Hal Varian ,Information Rules ,Harvard Business School Press,1999 (оригинал и превод)
  • Liebowitz Stan,  Re-Thinking the Network Economy, AMACOM, 2002

 

Дополнителна

  • Најнови материјали и информации од ЕУ, студии на случај и примери од практиката.

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Цели на предметната програма (компетенции):

По совладувањето на наставните содржини студентите треба да бидат способни:

  1. да ја разберат појмовната определеност, значењето и суштината на Новата (дигитална, информациска) економија;
  2. да ја разберат економиката на интернет и информациските добра и да се запознаат со нивните карактеристики;
  3. да ги осознаат стратегиите кои се приемнуваат во мрежната економија;
  4. да ги осознаат начините како интернетот и дигиталните технологии го трансформираат бизнисот и оштеството;
  5. да ги осознаат функциите и карактеристиките на е-Владата;
  6. да ги разберат политиките на глобален план и особено на ЕУ за поддршка на информациското општество преку анализа на соодветните документи;
  7. да бидат способни за работа во тимови;
  8. да ги применуваат стекнатите знаења во анализа на нови пазарни можности на организациите во дигитално окружување.