Студиски програми

Основи на сметководството


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ACC 110 Надворешна трговија 1 4+2 8,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска; Љубиша Јаневски

Опис

Предметот Основи на сметководството е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на сметководството во современото турбулентно опкружување. При конципирање на програмата е земен во предвид фактот дека предметот се изучува во прва година на повеќе департмани, на кои согласно предвидената програма овие знаења повеќе или помалку ќе се надоградуваат во текот на студирањето. Со оглед на фактот дека сметководствениот систем, особено во ерата на информациите, на бројните корисници на финансиските извештаи и доносители на деловните одлуки им нуди широк спектар на релевантни информации, во структурата на предметот се опфатени: основните принципи на сметководството, начините на креирање и презентирање на сметководствените информации за потребите на екстерното известување, модалитетите во презентирање на сметководствените информации за потребите на менаџментот со краток осврт на анализата на финансиските извештаи. Во оформувањето на базичниот концепт на предметот, основна интенција на тимот беше потребата студентите на самиот почеток од студирањето да добијат јасна слика за широката лепеза на информации со кои располага сметководствениот информативен систем во современите деловни претпријатија, кои понатаму со разните форми на обработка, презентирање и анализирање можат да ги користат неограничен број на екстерни и интерни корисници. Материјата што ќе биде обработена во рамките на овој предмет ги расветлува современите поимања на сметководството, фундаментите на сметководствениот информативен систем, бројните екстерни и интерни корисници на сметководствените информации, сметководствените принципи, видовите на финансиски извештаи со посебен осврт на билансот на состојбата, билансот на успех и извештајот за парични текови, сметководствениот третман на средствата, обврските и капиталот, приходите и расходите, современите поимања на сметководството на менаџментот, изготвувањето на интерните извештаи на менаџментот, трошоците и нивните поделби, алоцирање на трошоците, однесувањето на трошоците и утврдување на преломната точка.

Содржина

  • Сметководство на менаџментот
  • Сметководството како форма на комуницирање
  • Финансиски извештаи и годишен извештај
  • Изготвување на сметководствени информации
  • Мерење на приходите, расходите и финансискиот резултат � основа на настанатост
  • Сметководство на средствата, обврските и капиталот
  • Сметководство на готовина и побарувања
  • Сметководство на залихи
  • Сметководство на постојани средства
  • Сметководството и Е-бизнисот
  • Сметководството и области блиски до сметководството
  • Сметководството како информациски систем
  • Анализа, контрола и годишен извештај
  • Сметководство на обврските и капиталот на сопствениците

Литература

  • Русевски, Трајко, Блажо Недев, Зорица Божиновска Лазаревска, Љубиша Јаневски, Зоран Миновски: Основи на сметководството � Збирка задачи, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2005
  • Русевски, Трајко, Блажо Недев, Зорица Божиновска Лазаревска, Љубиша Јаневски, Зоран Миновски: Вовед во сметководството, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004
  • Needles, Powers, Mills, Anderson: Principles of Accounting, seventh edition, Houghton Mifflin Company College Division, Boston, 1999

Цели

  • Се запознаат со базичните финансиски извештаи, односно билансот на состојбата, биласнот на успехот и извештајите за паричните текови и информациите кои секој од нив ги нуди на потенцијалните читатели на извештаите;
  • Се здобијат со задоволителни сознанија за основните принципи во сметководството и начинот на нивното имплементирање;
  • Финансиско сметководство
  • Се запознаат со сметководството на менаџментот и сличностите и разликите со екстерното известување;
  • Ги совладаат основните техники на книжење на средствата, обврските и капиталот преку примена на сметководствената равенка;
  • Се здобијат со базични знаења за видовите на трошоци, начините на нивно алоцирање, и утврдување на преломната точка;
  • Ги осознаат потенцијалните корисници на сметководствените информации и основните модалитети во екстерното и интерното известување;
  • Се запознаат со сметководственото евидентирање на приходите и расходите, како составни компоненти на билансот на успех;
  • Се запознаат со улогата на сметководството во услови на електронска обработка и размена на податоци;
  • Се запознаат со целите и техниките на анализа на информациите од сметководствените и финансиските извештаи.